Задушувањето на правата на македонските Бугари е предизвик и за ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите по неговата средба во Брдо, пренесуваат медиумите во Софија.
Тема на состанокот е изнаоѓање начин за надминување на пречките за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
-Нашите европски партнери се повеќе го разбираат нашиот проблем со Северна Македонија. Вистинската суштина на проблемот кај нашиот сосед е системската дебугаризација, рече Радев.