The Paradise Papers или Рајските документи се големо ново протекување на документти од две компании со офшор сервиси на Бермуда и во Сингапур, како и од 19 корпоративни регистри, одржувани од владите во таинствените офшор јуридикции.
Документите ги добива реномираниот германски весник „Зидојче Цајтунг“ и ги споделува преку Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Проектот за известување за криминал и корупција (OCCRP) и десетици угледни светски и локални медиуми во една од најголемите глобални медиуски соработки, кои вклучуваат повеќе од 380 новинари од целиот свет.
Споделени се вкупно 13,4 милиони документи кои откриваат врски помеѓу Русија и американскиот претседател Доналд Трамп, тајни зделки на најблиските соработници на канадскиот премиер Џастин Трудо, на кралицата Елизабета, музичарот Боно и стотици познати граѓани на светот со мултимилионски и милијардерски сметки, од коишто 120 се политичари.
Протечените документи покажуваат како офшор финансискиот систем им помага на богатите компании како Nike, Aplle и UBEr да кријат данок преку неверојатно имагинативни сметководствени маневри, но и како државни институции од Русија инвестирале во Фејсбук и Твитер преку фондови блиски до зетот на Доналд Трамп и негов советник.
Овие документи откриваат цел свет на офшор махинации изведени од едни од најмоќните и најбогатите луѓе на планетата Земја далеку од очите на обичните смртници.
Во 21 век, парите многу лесно ги минуваат границите, значително полесно од луѓето. Приказните од Рајските документи не откриваат само злоупотреби сторени од оној еден процент богати и моќни, туку и длабок и вознемирувачки сегмент на глобалната економија.
Најмалку 31,000 од индивидуалните и корпоративни клиенти вклучени во регистрите на Еплби или се од САД или имаат адреси во САД, повеќе од било која друга држава. Следните најголеми клиенти доаѓаат од Велика Британија, Кина и Канада.
Документите на Епбли и нивните соработници го покриваат периодот од 1950 до 2016 и вклучуваат електронска пошта, договори за позајмици вредни милијарди долари и банкарски транскации на повеќе од 25,000 правни субјекти од луѓе од 180 држави. Еплби е дел од “Offshore Magic Circle,” неформална клика на водечките офшор консалтинзи. Фирмата има седишпте на Бермуда и канцеларии во Хонг Конг, Шангај, Британските Девствени острови, Кајманските острови и други центри.
Откритијата кои се објавуваат во стотици стории ќе фрлат голем притисок врз британската премиерка Тереза Меј, како и американскиот претседател Доналд Трамп. Тие двајцата јавно ветија дека ќе се борат проти агресивните шеми за избегнување даноци. Во меѓувреме, мултимилионските корпорации префрлаат голем дел од профитот во даночните прибежишта – или 600 милијарди само минатата гоодина според проценките на глобалниот економист Габриел Зукман, а неговите откритија наскоро ќе бидат публикувани во книга.
На овој линк погледнете ги политичарите пронајдени во Рајските документи.

