Тирана: Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, изјави дека денес Албанија има реална можност да стане членка на ЕУ.
Обраќајќи се на промоцијата на кандидатите за пратеници во Тирана за парламентарните избори, на 11 мај, Рама рече дека „ова е нешто што го немавме пред извесно време, и покрај фактот што ги завршивме нашите обврски за членство во ЕУ, и покрај фактот што Европската комисија трипати по ред потврди дека Албанија ја заврши својата работа и три пати по ред побара да се отворат преговори со Албанија, но секогаш се наоѓаше некоја земја која велеше не. Ние сакавме, тие не”.
Но, јас, кој сум сведок на многу нешта во овој процес, како никогаш досега за кој сега зборуваме, не го видов тоа што го гледам денес, а ја гледам нивната желба тоа да се случи, Албанија да биде членка на ЕУ, рече тој.
Но, според него, Европа се шири и поради оваа причина има само две земји кои можат брзо да се приклучат, Албанија и Црна Гора.