Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама со порака до македонските власти – прифатете го предлогот, друг ќе нема

0
By Sashko on July 3, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и не смее да дозволи да остане пред вратата на Европската Униј (ЕУ) уште 17 години, смета албанскиот премиер Еди Рама.

„Ви велам, прифатете го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега“, порача Рама во интервју за Канал 5.

Според него, сега е време да се направи избор, а неговото претчувство, како што наведе, говори дека ќе биде голема грешка ако не се прифати предлогот, бидејќи земјата ќе биде оставена и никој нема да има волја да се наврати на неа, и затоа предлогот не треба да се одбива.

„Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост, и тврдоглавост. Новиот предлог е финален, морате да разберете дека е финален, и јас силно верувам дека е вистинскиот момент и апсолутно e во ред да се прифати и да се отвори оваа врата“, рече Рама.

Прашан дали кога тој би бил на местото на македонските власти и македонскиот народ кој сè уште ја памети негативната улога на бугарската војска во Втората светска војна и сите негирања на македонскиот идентитет, би го прифатил францускиот предлог, Рама кажа дека бил многу гласен против бугарското однесување и го оценува како срамно.

„Но, во исто врме факт е дека Бугарија е членка на ЕУ, а Унијата има начин на справување со работите кој е траснформиран во смисла на киднапирање на државите во интерес на една или друга земја членка, а на некој начи исто така е расипан и духот на проширувањето. Но, тоа е реалноста“, изјави албанскиот премиер.

Рама вели дека останува 100 проценти на искажаните критики кон ЕУ, но укажува дека во овој случај лидерите на Унијата не можеле да направат многи зашто таков е сегашниот механизам на одлучување.

„Тие беа заробени, заложници на Бугарија, исто како нас, но за нас тоа е поболно. Билатералните прашања не треба да стојат на европскиот пат. Ми се лоши кога билатерални прашања како историјата ќе станат политички прашања, а политиката не е таа што треба да ги решева. Колку повеќе тие прашања се водат преку политика, се повеќе се комплицираат. Но, тоа сепак е прашање што треба да го решите вие и не е на мене да кажувам што е, а што не е во ред“, рече Рама.

Тој потврди дека Албанија ќе бара одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ ако Скопје го одбие францускиот предлог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.