Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекршочна пријава за едно лице за случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, за кој опозицијата ширеше дезинформации дека е синот на Буши

0
By Marta Pesevska on December 7, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По извршени детални проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, соопштија од МВР.

Лагите и дезинформациите на опоцизијата дека се работи за синот на Буши, заменик министер во МВР паднаа во вода.

Од обезбедените видео снимки и други службени материјали, утврден е идентитетот на возачот Г.К. (29), кој управувал возило кое е во сопственост на правно лице. На Г.К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери.

По детални проверки на службените материјали, како и преглед на видео материјал и фотографии, констатирано е дека на 26.11.2022 во 17.25 часот во СВР Скопје е добиена анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички пат кон Скопје, по што се известени службите на терен за да го запрат возилото. Но, по неколку минути, В.А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено, и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото.

Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.