Рројот на загинати во ракетниот напад на Хезболах врз Мајдал Шамс се искачи на 10, главно деца, соопшти службата за брза помош Маген Давид Адом, јави Тајмс од Израел.
Повеќе од десетина други се ранети, од кои шест се во тешка состојба, тројца во умерена состојба, четворица полесно повредени и неколку други на кои им била укажана помош поради анксиозност.
Израелските безбедносни сили, ИДФ, оценија дека ракетата што го погодила фудбалскиот терен каде што играле деца била релативно тешка.