Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте револтот кај работниците – синдикатите најавуваат масовни штрајкови

0
By Biljana on April 5, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо на работа, синдикалците на улица.

Незадоволни од преговорите со Владата за скалесто или линеарно покачување на платите на вработените во јавната администрација, најавуваат генерални штрајкови во повеќе дејности, кои ќе почнат од четврток и ќе траат се до исполнување на нивните барања.

Учениците од понеделник ќе останат дома, а децата наместо во градинка на чување кај баба и дедо. Ова сценарио станува се поизвесно, откако Синдикатот за образование, наука и култура не постигна договор со Владата за усогласување на платите на вработените во образованието.

Од СОНК се разочарани по вчерашниот неуспех на преговорите и алармираат дека штрајкот во училиштата и во градинките ќе почне на 11 април.

Фото: Од понеделник училишните клупи ќе останат празни

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, во изјава за НоваТВ вели дека штетите по образовниот процес ќе бидат незначителни бидејќи наставниците ќе ги надоместат изгубените часови, а учениците нема да останат „куси“ за наставниот материјал. Неделков вели дека ќе штрајкуваат и воспитувачките и негувателките во детските градинки.

„Министерката за труд и социјална политика има едно толкување на Законот, а ние како синдикат по Устав и по Закон имаме право на штрајк по однос на незадоволство. Како ќе се организира згрижувањето на деца во предучилишна возраст тоа останува да го регулираат директорите на градинките“, вели Неделков за НоваТВ и додава дека остануваат отворени за изнаоѓање на заемно решение со Владата.

Од Синдикатот на УПОЗ пак најавија радикализација на веќе закажаниот протест на вработените во судската управа. Велат над 95 отсто од вработените во управата и правосудството месецов не ја добиле ниту законски предвидената минимална плата, што го зголемило гневот кај работниците.

Фото: Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ

„Повторно вработените во управата и правосудството остануваат единствените во државата со плата под минималната. Ваквата состојба допринесе незадоволството кај вработените уште повеќе да порасне и да се зголемат барањата прекинот на работниот процес кој е закажан за во четвротк и петок да продолжи и во наредните недели“, вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и прашува кој ќе ја санкционира државата за непочитување на законите кои ги носи власта?

Бараат веднаш да се исплати минималната плата на сите вработени кои добија месечен надомест под законскиот минималец и линеарно зголемување на сите останати плати во износ од 2.806 денари.

„Нашите барања не се големи. Бараме минимална плата за тие што треба да ја добијат и зголемување од 10 проценти за сите останати кои не добиле покачување на платите повеќе од 10 години“, вели Деаноски.

Реагираа и од Сојузот на синдикатите на Македонија. Тие утрово ја повикаа Владата да не тактизира со усогласувањето на платите на работниците.

„Со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите плати. Сега на ред се гранковите синдикати кои бараат тоа зголемување да се спроведе. За тоа скалесто зголемување треба да се испреговара со работодавачите. Според законот, работодавачите се должни тоа усогласување да го спроведат во рок од 6 месеци. И тоа се одолговлекува иако ние како работници сме во тешка состојба бидејќи веќе има голема инфлација. Ние бараме да не се тактизира, да го задржиме работникот во Македонија, а не да градиме туѓи економии“, рече Дарко Димовски, претседател на ССМ за Утрински брифинг.

Димовски вели дека во континуитет се разговара меѓу социјалните партнери и заклучокот на ССМ е предлогот да се покачи платата линеарно. Односно ако на најниската плата има покачување од 2.800 денари тогаш на сите да им се покачи платата на 2.800 денари. Вакво барање, за линеарно покачување на платите на сите вработени во администрацијата, Синдикатите доставиле и до пратеничките групи во Собранието.

Според пресметките на ССМ, околу 3,6 милиони евра би бил трошокот на Владата за зголемување на платите на јавната администрација.

Низата штрајкови неделава ќе ја започнат вработените во управата и во правосудтвото кои ќе ги паузираат работните обврски во четврток и во петок помеѓу 10 и 12 часот и ќе застанат пред институциите за да го изразат своето незадоволство.

Во понеделник наставниците и професорите од основните и средните училишта, воспитувачите и негователките во градинките ќе почнат генерален штрајк. Тие ќе бидат на своите работни места, но нема да држат настава, односно нема да згрижуваат деца.

На 14 април, пак, во 8 часот наутро со генерален штрајк ќе почнат над 2200 вработени во АД Пошта, кои поради растот на цените и инфлацијата, бараат итно и неодложно линеарно зголемување на платите од 3000 денари за сите вработени, обезбедување на средства за редовна исплата на плата, санација на објектите во кои работат, обезбедување стандардни услови за работа, средства и опрема  за работа, како и итно започнување постапка за нова систематизација со учество на синдикатите.

„Работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно Законот за поштенски услуги член 49 и Колективниот договор на ниво на работодавач“, велат од синдикатот на поштарите и најавуваат дека штрајкот ќе трае се до исполнување на барањата на штрајкувачите.

(Б.Божиновска)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.