Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Различни партиски ставови за европскиот предлог и пораки од странство за мудри одлуки за иднината на земјата

0
By Sashko on July 7, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот предлог за деблокада на македонската евроинтеграција се најде на маса на средбата на партиските работни групи на која требаше да се разменат идеи околу тоа како Владата и Собранието да постапат по него во наредната фаза. Не биле изнесени различни ставови по многу прашања, но, според видепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, средбата минала во конструктивен дух.

Според него, целта е да се осигура дека со европскиот предлог, земјава ќе нема бескрајни блокади.

„Ако добро ги водиме преговорите можеме во наредните неколку години, до крајот на оваа декада да завршиме како членка на ЕУ“, нагласи Маричиќ.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски по средбата изјави оти се испратени нивни предлог-заклучоци до сите пратенички групи, кои би требало да бидат усвоени во однос на информацијата што Владата треба да ја прати до Собранието.

Но, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изнесе серија забелешки по средбата кон Општиот став на ЕУ за преговарачката рамка и Заедничкиот став на ЕУ за преговорите за пристапување.

Дел од забелешките се однесуваат на бришење на точки од документите како онаа за соодветните еднострани декларации на Бугарија и земјава за македонскиот јазик, за исклучување на Договорот за добрососедство со Бугарија и годишните прегледи за негово ефективно спроведување од Преговарачката рамка и отфрлање на условувањето за отворање на преговорите по кластери со промена на Уставот, туку тие да започнат веднаш.

Пратеникот Арбр Адеми од ДУИ изјави дека суштината е оти македонскиот јазик ќе стане дел до официјалните јазици на Европската Унија и тоа е кристално јасно во преговарачката рамка.

„Ја имаме преговарачката рамка, ќе имаме и старт на преговори. Се предвидува дека ние веднаш ќе започнеме со процесот на скрининг. Секоја друга земја членка на ЕУ минала низ овој скрининг процес. Некаде траело осум, 12, 20 месеци, но ако ние успееме да направиме уставни измени, очекувам до крајот на декември да имаме и втора меѓувладина конференција и да ги отвориме првиот кластер и поглавје и да навлеземе во суштината по скрининг процесот кој ќе го минуваме заедно со Република Албанија“, додаде Адеми.

Лидерот на Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов, пак, се заложи за усвојување на заклучоци по предлогот со широка поддршка во Собранието.

„Заклучоците треба да ја обврзат Владата да направи обид за она што е содржано во нив да се вгради во преговарачката рамка и во другите документи, а доколку не успее тоа би значело дека не може да даде согласност за предлогот“, рече Трајанов.

Тој нагласи дека ДС, ЛДП и ДОМ подготвуваат заклучоци кои ќе ги презентираат во текот на расправата на политичките партии, но според него страшен хендикеп е тоа што сè уште го немаат Протоколот, кој е клучен за тоа дали ќе се прифати рамката или не.

Вицепремиерот Маричиќ по средбата со германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин порача дека треба да бидеме мудри и да не си поставуваме бариери.

„Не би било одговорно да го одбиеме овој предлог во кој сме ги постигнале нашите клучни барања и да се надеваме дека ќе нѝ биде понуден друг подобар. Во вистинските моменти нѝ требаат навистина и мудри и државнички одлуки“, порача Маричиќ.

Тој најави дека Владата е во консултации по францускиот предлог и Протоколот со Бугарија и многу скоро ќе најде начин како да ги заокружи и како да го праша Собранието за мислење.

Сарацин, пак, порача дека со прифаќање на францускиот предлог се овозможува веднаш да се започне процесот на пристапните преговори на Северна Македонија кон ЕУ без понатамошни одолговлекувања и без можност за блокади.

„Германија е на страна на Северна Македонија и ќе се залага за активно заживување на европската перспектива на Западен Балкан“, посочи Сарацин.

Тој рече дека вратата кон пристапување на Северна Македонија во ЕУ со овој договор е широко отворена, а за да се влезе низ оваа врата не е лесно, но тоа е одлука на нашата политика и на нашата земја.

„Знам дека ова е тежок момент за вас и за луѓето, но истовремено е момент кој носи одредена надеж во себе. Верувам во македонската политика и во луѓето и оти сите заедно ќе продолжиме на патот кон ЕУ“, додаде Сарацин.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, на свеченоста по повод 246-годишнината од независноста на САД, рече дека Северна Македонија ќе мора да се соочи со тешки предизвици при искачување по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина.

„Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. Со вас се САД на тоа искачувње“, порача Брнз додавајќи дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваат со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро изјави дека Северна Македонија ќе треба да мине уште една рунда на објаснувачки скрининг за ЕУ во однос на законодавството усвоено по 2019 година.

Северна Македонија и Албанија имаа средби за објаснувачки скрининг за законодавството од 2018 до 2019 година. Овие средби започнаа во септември во 2018 година и траеја помалку од една година. Целта на објаснувачкиот скрининг е тимот на Европската комисија да го презентира законодавството на ЕУ на земјите кандидати кои се подготвуваат да започнат преговори. По објаснувачкиот, следува билатералниот скрининг, фаза во која земјата кандидат учествува активно, за разлика од објаснувачкиот, каде главната улога ја држи Европската комисија.

Законодавството на ЕУ постојано се зголемува и дополнува со нови законски решенија и судски одлуки. Со оглед на тоа дека објаснувачки скрининг немало за Северна Македонија и Албанија од 2019 година, двете земји ќе треба ова да го поминат пред да бидат поканети на билатералниот скрининг, кој пак би требало да трае околу две години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.