Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на фелата: Случајот со тројцата професори е невиден преседан

0
By Нова ТВ on July 12, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка од универзитетската фела добија тројцата доктори на науки Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски кои од вчера почнаа штрајк со глад на Штипскиот Универзитет, бидејќи незаконски се избркани од работа. Дел од фелата смета дека ова што се случува со нивните колеги е невиден преседан и рушење на интегритетот на професорите.

проф. д-р Роберт Димитровски: Ректоратот треба да го дисциплинира деканот

„Ако кажам дека сум вчудоневиден нема да бидам потполно искрен. Се обидувам да бидам рационален во размислувањето но никако не можам да го пронајдам ќарот на сопствениот зијан. За жал на нашите Универзитети и факултети позициите не секаде ги запоседнале вистинските компетенции. Без разлика дали се државни или приватни.

Дипломите и студентите не се ни државни ни приватни. Отсуството на релевантна практика и искуство при изборот на наставник во помладите академски средини понекогаш креира вакви проблеми кои наместо со изјави, тужби, пријави и сл. треба да претставуваат свечен чин на промоција.

Ова е посебно важно за еден млад универзитет како што е УГД. Универзитетот го чинат луѓето кои во него растат. Не водејќи сметка за нив и игноирирајќи ги креираме лоши практики насочени против сопствениот растеж и напредок. И што е најлошо имплицираат поведение кое во поврат може да има погубни последици. Мислам дека УГД потпомогнато со МОН мора да изреагира и да го маргинализира значењето на оваа случка со цел тоа да не се претвори во практика.

Обврската е пред се на институциите но и Ректорот кој треба да ги смири страстите и да го дисциплинира деканот кој изгледа нема доволна координација со Законот и академските узанси. Како инаку да го толкувам чинот во кој од една страна деканот е рецензент а од друга страна гласа против сопствената рецензија.

Се обидувам да бидам најблаг и укажувам на непознавање и неискуство. Ајде нека ова остане поука и подука дека кога се заземаат позициите и не мораме да знаеме се, но дека довербата треба да ја оправдаме и да се научиме. Сепак не треба да учиме преку колатерала, затоа што утре по сета логика ќе имаме некој друг декан.

Само почит на автономијата, академската слобода и пред се наставниот кадар може УГД да го спаси од аферата-економски факултет. Се надевам дека Ректорот ќе укаже дека позитивната рецензија е извршна а не манипулативна категорија и ова ќе остане само лош сон што подучува. “ вели Проф. д-р Роберт Димитровски.

проф. Томе Неновски: Наставничкиот совет постапил неосновано

„Во овој случај е дадена позитивна рецензија од тројца професори на чело со деканот, кој ставил потпис по што трудовите се објавуваат во Билтенот, како што предвидува постапката. Ако рецезентската комисија оценила дека квалитативните услови се исполнети тогаш се поставува прашањето врз основа на кои критериуми наставничкиот совет ги одби професорите.

Во овие неколку денови имаше коментари дека станува збор за некои карактерни несогласувања меѓу професорите и раководството. Ако тоа е причината, тогаш станува збор за апсурд. Клучното прашање е дали професорите стручно одговориле и ги задоволиле критериумите што се бараат, ако е тоа така тогаш наставничкиот совет со одбивањето постапил неосновано“ – вели универзитетскиот професор Неновски.

Според Неновски мора да се утврди е дали е дали се направени крупни грешки во постапката.

„Станува збор за кариери, за луѓе, за иднина и никој не смее некому да го му одземе правото да напредува. Ако некој ја прекршил дисциплината, тогаш законот предвидува други мерки, но тоа не смее да биде препрека некој да напредува врз основа на стручноста. Законот е многу јасен, има критериуми кои го утврдуваат скалилото за унпаредување и доколку условите се исполнети апсурдно е да зборуваме за субјективни причини кои би го спречиле тоа. Човечките карактери не се мерило ниту репер, тоа е субјективна оценка која никако не смее да биде земена предвид. Не сакам да ги прејудицирам наодите што би ги објавил Инспекторатот за образование, но сметам дека сите членови на наставничкиот совет ќе мора поединечно да дадат изјави по кој основ ги одбиле професорите кои конкурираа за избор во повисоко звање“, додава Неновски.

Проф. Татјана Стојаноска Иванова: Невиден преседан, професорите ги исполнуваат сите услови!

-Научната и Универзитетска елита си има свои правила, и во рамките на фелата тие се еден вид на устав. Она на што деновиве сме сведоци отстапува од тие правила и навистина за мене е фрапантно доценти кои се признати и познати во рамките на својата фела да не им биде дозволено напредување во повисоко звање.

Уште повеќе ме загрижува фактот што по сите барања за напредување во звање тие стандардите и критериумите ги исполниле, што значи дека условите за напредување се апсолутно исполнети. Како поткрепа на тоа се нивните рецензии потпишани од универзитетски професори, докажани и покажани во фелата и на тој начин се става и сомнеж и на самите рецензенти.

Ова е невиден преседан и рушење на интегритетот и суверенитетот на универзитетските професори и навистина е далеку од нормалното поимање за правилно и чесно функционирање на научната елита. Да се подјаремуваат научници и да не им се овозможува напредување во нивната универитетска кариера е далеку од етичките принципи кои треба да се алфа и омега во рамките на универзитетската фела.

Податокот кој исто така загрижува е ставот на професорите кои се дискриминирани дека сето тоа е резултат на одреден реваншизам, а доколку е така тоа е навистина за секаква осуда.

Дефинитивно треба да се даде поддршка на колегите и јас како дел од универзитетската фела потполно стојам на ставот дека никој не треба да биде над законот и дека не треба никој без причина да биде сопрен и девалвиран во својот научен развој, реагира проф. Татјана Стојаноска – Иванова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.