Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд за лидерите на Израел и Хамас

0
By Zoran Ivanov on November 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд, – МКС, за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат.

Потерниците се издадени за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и воената кампања на Израел во Газа оттогаш.

Израелските лидери, на чело со Нетанјаху, го осудија барањето за налог за апсење издадено од главниот обвинител на МКС, Карим Кан, и го оценија како антисемитско и срамно.

Израел со гадење ги отфрла апсурдните и лажни обвинувања поднесени против него од МКС“, се вели во соопштението на Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го потегот антисемитски.

Израелски претседател Исак Херцог: „Со Одлуката се застанува на страната на тероризмот и злото наспроти демократијата и слободата и се претвора меѓународниот правосуден систем во човечки штит за злосторствата против човештвото на Хамас.“

Мрачен момент за Меѓународниот кривичен суд“, рече израелски министер за надворешни работи Гидеон Саар оценувајќи дека судот „ја изгуби сета легитимност“ и дека издал „апсурдни налози без овластување“.

Израел го брани својот живот од терористички организации кои ги напаѓаат, убиваат и силуваат нашите граѓани, овие потерници се награда за тероризмот, изјави израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид.

Според поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет „потерниците од МКС се дамка на срам, не за израелските лидери, туку за самиот МКС и неговите членови.“

Израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир изјави дека „Меѓународниот кривичен суд во Хаг уште еднаш покажува дека е антисемитски од почеток до крај.“

Судскиот совет составен од тројца судии напиша дека во својата едногласна одлука оцениле дека има разумна основа да верува дека и „поединците намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од предмети неопходни за нивниот опстанок, вклучувајќи храна, вода и лекови и медицински материјали и гориво и електрична енергија“.

Ниту една друга демократија со независен и почитуван правен систем како оној што постои во Израел, не била третирана со такви предрасуди од страна на обвинителите, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи Орен Марморштајн на платформата Икс.

Тој додаде дека Израел останува непоколеблив во својата посветеност на владеењето на правото и правдата и ќе продолжи да ги брани своите граѓани од екстремизмот.

Реакции има и од полестинска страна.

Го повикуваме Меѓународниот кривичен суд да го прошири опфатот на одговорноста врз сите криминални лидери на окупацијата, се наведува во официјалното соопштение од Хамас:

Високиот функционер на Хамас Басем Наим оцени дека „ова е важен чекор на патот кон правдата и носење правда за жртвите, но останува ограничен и симболичен чекор ако не биде практично поддржан од сите земји“.

Американскиот претседател Џоз Бајден го критикуваше обвинителот од МКС и го поддржа правото на Израел да се брани од Хамас.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, близок сојузник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави: „Судот е опасна шега. Сега е време Сенатот на САД да дејствува и да го санкционира овој неодговорен орган“.

Реакција пристигна и од ЕУ. Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел рече дека потерниците на МКС за Нетанјаху и Галант не се политички и дека одлуката на судот треба да се почитува и спроведе.

Министерот за надворешни работи на Холандија Каспер Велдкамп изјави дека земјата е подготвена да дејствува врз основа на потерницата за апсење на Нетанјаху, доколку е потребно.

Портпарол на француското Министерство за надворешни работи посочи дека Франција ќе реагира „во согласност со статутите на МКС“.

Слична реакција дојде и од Блискиот Исток. Министерот за надворешни работи на Јордан Ајман Сафади рече дека одлуките на МКС треба да се почитуваат и спроведат, додавајќи дека „Палестинците заслужуваат правда“.

И покрај налозите за апсење, никој од осомничените најверојатно нема да се појави пред судиите во Хаг.

МКС е последната инстанца која го иницира процесот во случаи кога домашните власти не можат или нема да ги истражат.

Израел не е член на тој суд и претходно се борел против таквите истраги, потсетуваат организациите за човекови права.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.