Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на БРО за барањата на ФИНКИ: Трајно да го реши просторниот проблем, наместо да бара „привремено“ решавање на проблемот во „привремените објекти“

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реакција на вработените во Бирото за развој на образованието по повод објавените текстови во медиумите во врска со Соопштението на ФИНКИ со барање за дислоцирање на БРО и привремено решавање на нивниот „просторен“ проблем.

Бирото за развој на образованието (поранешен Педагошки завод на Македонија) е најстарата и најзначајната инстутуција во државата во чија надлежност е развојот на предучилишното, на основното и на средното образование, односно изработката на наставните програми, спроведувањето истражувања од областа на образованието, спроведувањето обуки за професионален развој на наставниците и обезбедувањето стручна и советодавна помош и поддршка на наставниците.

Институцијата повеќе од 40 години е сместена во „привремени“ објекти/бараки во сопственост на државата за кои домаќински се грижи и ги одржува за непречено одвивање на работните задачи во нејзина надлежност и од чија реализација зависи и секојдневната работа на училиштата, наставниците, директорите на училиштата, како и на другите институции и организации од областа на образованието.

Последната година „привремените објекти“ на Бирото за развој на образованието станаа интерес и цел на ФИНКИ. Со постојан притсок до Министерството за образование и наука, до Генереалниот секретаријат на Владата и другите државни органи се бара дислоцирање на Бирото за развој на образованието, при што Факултетот се дрзнува да дава „произволни“ решенија за Бирото, а што се од суштинско значење за институцијата, само за да реши сопствен „просторен проблем“ и тоа „привремено“. И покрај тоа што Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии, како и Агенцијата за катастар на недвижности дадоа негативни мислења на нивното барање и се во прилог на задржување на просториите од страна на Бирото за развој на образованието, ФИНКИ продолжува решението на сопствениот проблем да го бара во „преселување“ на друга институција, наместо да ги „притиска“ надлежните институиции да им се доизгради започнатиот објект во Универзитетскиот кампус (или оној објект, исто така, наменет за нив, во кампусот на ПМФ) и трајно да го реши просторниот проблем.

Ги информираме сите институции и јавноста дека Бирото за развој на образованието ќе продолжи да ги извршува сите активности и работни задачи согласно своите надлежности, како и до сега, на иста локација, во просториите на ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 20. Сѐ додека не се изгради објект според потребите и надлежностите на институцијата, согласно бројот на вработени и согласно услугите што ги пружа на повеќе од 23.000 наставници нема да дозволиме „селење во непознат правец“ без соодветни услови за работа, со рушење на достоинството и на институцијата и на вработените. Исто така, ги информираме Министерството за образование и наука, Владата и сите други надлежни институции дека нема да прифатиме никакво решение во врска со просториите на Бирото за развој на образованието, доколку во процесот на изнаоѓање решение не бидат вклучени претставници од Бирото и не бидат земени предвид сите потреби и специфики поврзани со дејноста на Бирото за развој на образованието. Во спротивно, иако за нас неприфатливо, но според „обрасците“ на однесување во државата и решавање на проблемите со притисоци, информираме дека ќе ги запреме нашите секојдневни активности и ќе ги повикаме на поддршка сите соработници (наставници, директори, воспитувачи, стручни соработници…).

Јавно порачуваме дека се залагаме да се изнајде соодветно решение за непречено одвивање на наставата на студентите на ФИНКИ и го поддржуваме Факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, наместо да бара „привремено“ решавање на проблемот во „привремените објекти“ на Бирото за развој на образованието, во кои нема услови за настава.

Исто така, се прашуваме, дали можеби „привременото решение“ е првиот чекор „атрактивната“ локација на „привремните објекти“ да прерасне во „повеќенаменски објект“ и трајно решение за, за сега, непознати намени.

Биро за развој на образование

Биро за развој на образование Финки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.