Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Речиси три четвртини од земјите во светот признаа држава Палестина – Македонија молчи

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминативе 35 години голем број држави признаа држава Палестина или ја произнаа државата Палестина.

Деновиве тоа решија да го сторат и Шпанија, Ирска и Норвешка.

Седуммесечната војна меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, предизвикана од бруталниот терористички напад на израелска територија на 7-ми октомври ги обнови повиците за признавање на палестинската држава.

Според палестинските власти, 142 земји од 193 земји членки на ОН ја признале Палестина. Четири карипски земји и тоа Јамајка, Тринидад и Тобаго, Барбадос и Бахамите се последните што се приклучија на листата, која не ги вклучува повеќето земји од Западна Европа и Северна Америка, Австралија и Јапонија.

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска најавија дека ќе ја признаат државата Палестина на 28-ми мај.

Минатиот месец САД го искористија правото на вето во Советот за безбедност на ОН за да ја блокираат резолуцијата со која Палестина би ја прогласила за полноправна членка на меѓународната организација.

Декларација за безбедност и први признанија

На 15 ноември 1988-ма година, неколку месеци по почетокот на првата интифада, водачот на Палестинската ослободителна организација, Јасер Арафат, го прогласи основањето на државата Палестина со Ерусалим како главен град. Неколку минути подоцна Алжир беше првиот што официјално ја призна новата држава.

Една недела подоцна, четириесет земји, вклучувајќи ги Кина, Индија, Турција и повеќето арапски земји, го презедоа истиот чекор. Следуваат речиси сите земји од африканскиот континент и советскиот блок. Во текот на 2010 и 2011 година Палестина беше призната од мнозинството земји од Латинска Америка.

Едната нога во ОН

Под претседателство на наследникот на Арафат, Махмуд Аабас, Палестинската самоуправа, формирана со договорот од Осло 1993 година, почна дипломатска офанзива во меѓународните институции. УНЕСКО, организација за образование, наука и култура на Обединетите нации, го отвори патот со признавањето на Палестина како полноправна членка во октомври 2011. година.

Во историското гласање во ноември 2012. година Палестина доби статус на земја набљудувач во Обединетите нации, што во отсуство на статус на полноправна членка со право на глас ѝ овозможи пристап до агенциите на ОН и меѓународните договори.

Во 2015. година Палестинците се приклучија на Меѓународниот кривичен суд,МКС, кој овозможи отворање истраги за израелските воени операции на палестинска територија. Соединетите Американски Држави и Израел ја осудија одлуката.

Шведска прва од ЕУ

Во 2014. година Шведска стана првата членка на ЕУ која ја призна државата Палестина. Чешката Република, Унгарија, Полска, Бугарија, Романија и Кипар го направија тоа долго пред да влезат во Европската Унија.

Шведската одлука, објавена во време кога се чинеше дека напорите за решавање на израелско-палестинскиот конфликт се во ќор-сокак, доведе до долгогодишни бурни односи со Израел.

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска одлучија да ги следат стапките на Шведска, а другите западни земји долго време веруваат дека формалното признавање на палестинската држава мора да биде резултат на мировниот процес со Израел.

Признавање на Палестина најавија и Малта и Словенија, а дека таква можност постои најави и Австралија.

Македонија сè уште не објавила признавање независна палестинска држава.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.