Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

RENEWABLE ENERGY SUPPLY (RES) нова инвестиција на пазарот за снабдување со електрична енергија од обновливи извори

0
By Mirjana on March 4, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од овој месец на македонскиот енергетски пазар со работа почнува компанијата Renewable energy supply (RES) како друштво со ограничена одговорност чија што цел е да понуди нов квалитет на пазарот во снабдувањето со електрична енергија и повеќе поволности како за крајните потрошувачи така и за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Истовремено, RES ќе претставува компанија која што ќе ги интегрира производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој што ќе обезбеди стабилно снабдување за македонските компании.

Компанијата е регистрирана на 2 март 2022 година, а нејзини основачи се компанијата „Централинвест“, во сопственост на проф. д-р Кочо Анѓушев и „Токи“, која што е една од најголемите компании во Република Бугарија во областа на обновливи извори на енергија и снабдување со електрична енергија.

Проф. д-р Анѓушев е еден од најголемите инвеститори во Македонија во сферата на производство на електрична енергија од еколошки обновливи извори. Преку компаниите кои што се во негова сопственост, како и во партнерство со други сопственици располага со портфолио од 25 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од близу 24MW, инвестиција во биогасна електрана од 2MW, како и фотоволтаична централа од 8MW.

Од друга страна, „Токи“ е брзорастечка компанија специјализирана во снабдувањето со електрична енергија од обновливи извори и пазарен интегратор на овој тип на производители на електрична енергија во Бугарија. Оваа компанија е сопственик на најмодерната дигитална платформа за снабдување со електрична енергија на бугарскиот пазар и интегратор на значаен дел од произведената електрична енергија во Бугарија од обновливи извори (вода, сонце, ветер и биогас). „Токи“ е членка на Реналфа групацијата во доминантна сопственост на г-дин Иво Прокопиев која е активна во инвестиции во обновливи извори на енергија и е-мобилити. Реналфа има завршено проекти на инсталирани фотоволтаици од над 6000 MW за други инвеститори и за сопствени потреби во Европа и Блискиот Исток и со тоа таа е една од водечките европски компании во инсталација и одржување на фотоволтаици.

На тој начин настанува здружување на двете најголеми компании од областа на производство на електрична енергија од обновливи извори од двете држави во Renewable energy supply (RES). Целта на новата компанија е најголем дел од сопственото производство да се пласира до крајните корисници односно фирмите во Македонија и Бугарија. Во овие услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност. Дотолку повеќе што за да се пласираат производи на западноевропските пазари предност имаат компаниите кои што користат електрична енергија од обновливи извори. RES на македонската економија ќе `и го понуди токму тоа – стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија за македонската економија.

Новата компанија исто така ќе биде и најголем агрегатор на електрична енергија од обновливи извори, нудејќи им на сите сопственици на производни капацитети најдобар и најсигурен откуп на електрична енергија. Фероинвест, дел од групацијата предводена од проф. д-р Анѓушев, со својот SCADA мониторинг центар има капацитет да ги приклучи, мониторира и одржува сите капацитети за производство на енергија од обновливи извори и на тој начин на RES да му овозможи да биде најголемиот агрегатор односно целата енергија да биде регулирана од еден центар.

Ваквата синергија меѓу компаниите ќе значи сопствено гарантирано производство за сопствени потрошувачи за стабилно и гарантирано снабдување, се наведува во соопштението до јавноста. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нова инвестиција струја од обновливои извори на енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.