НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортажа: НОВА на воена вежба со воздушната “полиција” на НАТО

0
By Светлана Јовановска on September 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со  влезот на Македонија во НАТО, македонскиот воздушен простор ќе го чува јужното крило на оваа воена организација.

НОВА имаше можност да присуствува на НАТО вежбата каде можевме да видиме како функционира воздушната одбрана на Алијансата, онаа од која треба да станеме дел со членството во НАТО.

Раговаравме со шпанскиот генерал Рубен Карлос Гарсиа Серверт од Комбинираниот центар за воздушни операции (Combined Air Operations Centre CAOC) кој се наоѓа во шпанската воена база Торехон во близина на Мадрид.

Шпанецот вели дека со влезот на Македонија во НАТО “полицајци” за нашето небо ќе бидат нашите поголеми соседи кои имаат борбени авиони – Грција и Бугарија. Во слична позиција се наоѓаат Албанија и Црна Гора кои исто така не поседуваат борбени авиони. За нивната воздушна безбедност се грижат Италија и Грција.

Генералот Рубен Карлос Гарсиа Серверт ги брифира новинарите во текот на летот
Генералот Рубен Карлос Гарсиа Серверт ги брифира новинарите во текот на летот

– Небото над Црна Гора го чуваат италијански и грчки авиони. Кога има инцидент ги лансираме овие авиони кои се најблиску до земјата членка за да бидеме сигурни дека границата е коректно заштитена, објаснува генералот.

Ако земјата влезе во НАТО, овој Центар за воздушни операции ќе биде задложен за одбрана на небото над Македонија.

– Вашата земја, доколку има радари, треба да ја дели со нас сликата за тоа што се случува на вашето небо. Доколку имате борбени авиони, тогаш ќе бидат предадени на заедничката одбрана на НАТО. Ако немате такви авиони, тогаш се потпишува договор со соседите. И тие ќе  дадат борбени авиони кои ќе го чуваат вашето небо под ваша команда, објаснува генералот.

Македонската армија „не поседува борбени авиони и согласно планот за опремување и модернизација не предвидува набавка“, велат во Министерството за одбрана (МОРМ).

На нашето прашање, како нашата земја постапува кога се констатира присуство на авион, воен или цивилен, кој не одговара на повиците на воздушната контрола, во МОРМ велат дека „се известува регионалната контрола за летање, НАТО ситуациониот центар и единицата за против – воздушна одбрана“.

Од МОРМ ни објаснија дека „воздухопловната бригада и баталјонот за противвоздушна одбрана се постојните способности и капацитети кои го обезбедуваат делот од суверенитетот на воздушниот простор со средствата за противвоздушна одбрана со кои располагаат“.

Армијата веќе се подготвува за влезот во НАТО и поврзување со воздушната одбрана на Алијансата.

– Предвидено е  преземање на софтвер од НАТО и потпишување на договор и одобрување на лиценца за инсталација на софтверот на работни конзоли во подготвениот објект на АРM за заштита на суверенитетот на воздушниот простор, велат во Одбрана.

Министерството се подготвува и за „размена на радарска слика со софтверско поврзување со НАТО“, а „опремувањето подразбира и набавка на 3Д радар согласно Долгорочниот план за развој на одбраната“. Следната фаза е потпишување на Договор за заштита на националниот воздушен простор  и воздушното патролирање преку билатерални аранжмани со земји членки на НАТО. Тие аранжмани, според генералот Серверт, ќе бидат потпишани пред се со Грција и Бугарија.

Цивилниот авион на белгиската армија кој беше дел од НАТО вежбата на која присуствуваше НОВА

НОВА и повеќе европски медиуми, во цивилен авион на белгиската армија, ја надлетавме речиси цела Европа– Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Италија, Шпанија, Франција и Белгија. Над секоја од овие земји цивилниот авион беше придружуван од борбените авиони на таа земја како демонстрација за тоа што се случува во пракса кога авион што не е идентификуван од воздушната контрола надлетува една земја членка на НАТО. И што би се случило, на пример, доколку еден цивилен авион е киднапиран од терористи и тој со сета брзина се упатува кон една земја членка на НАТО со цел да удри во неа и како НАТО одговара на оваа закана.

Најпознатиот случај на киднапирање на цивилен патнички авион се случи на 11 септември 2001 година во САД. Но случаи на киднапирање на цивилни авиони има повеќе во историјата на авио превозот.

Центарот за воздушни операции е задолжен за сите пресретнувања на воени или цивилни авиони кои не го најавиле присуството во воздушниот простор на една земја членка на НАТО.

Генералот Серверт објаснува дека секоја земја членка има право да даде дозвола за прелетување на нејзината територија. Во тој случај, се е во најдобар ред.

– Но, земјата може и да не даде дозвола. Кога руските авиони, на пример, немаат дозвола за прелет и не го јавуваат планот за летот, тогаш наша мисија е да не дозволиме влез на територија на земја членка на НАТО. За таа цел ги лансираме воените авиони за да го да покажеме нашето присуство, со што им ставаме на знаење дека не можат да влезат на НАТО територија. Со тоа го чуваме интегритетот на нашето небо, преку разубедување и со јасна порака дека ги чуваме нашите граници на интегриран начин, сите заедно, вели Серверт.

Тој прецизира дека „во реалноста, барем досега, присуството на нашите борбени авиони е доволно за да ја натера другата страна да се повлече, а 99,9 отсто од тие инциденти се решаваат без проблем, на самата граница“.

За НОВА генералот вели дека вакви инциденти на прелетувања често се случуваат и на Балканот, јужната граница на Турција и регионот на Црното Море.

– Секаде во вашиот регион има инциденти. Има два типа инциденти. Цивилни авиони кои не го почитуваат планот на летање или не одговараат на повиците. Тогаш ние настапуваме за да бидеме сигурни дека авионот не е киднапиран. И тоа и го пренесуваме на нацијата на чие небо е авионот. Има и случаи кога авион влегува на нечие небо без дозвола. Тогаш праќаме борбени авиони за заштита на воздушниот простор, вели Серверт.

Серверт додава дека било која земја членка има право да преземе одговорност за авион што ненајавен ја прелетува територијата.

 

 

– Во тој случај НАТО повеќе тука нема работа и се и се препушта на земјата членка. Земјите членки имаат свое законодавство во таа област. Кога НАТО ја презема одговорноста, тоа значи дека има дозвола од сите 29 земји членки. Оттука, акцијата мора да биде одобрена од сите земји членки. И не само тоа. Важно е да се знае дека НАТО е одбранбена организација. Ние никогаш не се обидуваме да доведеме до ескалација. Напротив, работиме на намалување на тензиите и ги чуваме нашите надворешни граници, бараме тие да бидат почитувани, прецизира генералот.

Во периодот од јануари до август оваа година, борбените авиони на НАТО имале 260 итни полетувања (во воениот жаргон тие го носат името “scrambles”).  Од овој број, 180 пати полетале за да пресретнат воени авиони, а 70 пати за цивилни авиони кои загубиле радио контакт со воздушната контрола. Најголемиот број од овие пресретнувања се направени во балтичките земји, кои немаат борбени авиони и кои својата воздушна одбрана им ја препуштиле на поголемите НАТО сојузници, објасни генералот Серверт за време на вежбата.

– Живееме во комплексен и комплициран свет. Во сите мисии што ги имаме, од време на време, има изненадувања. Некои нации, и некои ненационални организации како терористичките, кои имаат воздушни средства, ни задаваат страшни главоболки, вели Серверт.

НАТО, вели Серверт, нема непријатели. Ни Русија не е непријател. Целта на оваа воздушна одбрана е заштита на границите на земјите членки на НАТО против секој што не ги почитува тие граници или меѓународното право.

– Ние не градиме систем против некој друг. Нашата порака е дека сме тука, 29 нации заедно, да се спротивставиме на кој било вид агресија врз која било од нашите земји членки, вели Генералот.

Наскоро можеби, заедно со Македонија, ќе станат 30 нации заедно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.