Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизијата открива недоволна посветеност на државните институции кон дигиталната трансформација

0
By Marija Todorovska on June 6, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество, институциите и органите на државна управа делумно се посветени кон активностите за дигитална трансформација и овозможување на електронски услуги за граѓаните. Процесот на дигитализацијата на услугите е бавен, влијае врз квалитетот и достапноста на електронските услуги, а искористеноста на националниот портал за е-услуги од страна на граѓаните е на ниско ниво“.

Ова го наведува Државниот завод за ревизија во извештајот за ефикасноста на националниот портал за електронски услуги.

Со ревизијата e утврдено дека не е воспоставен доволен мониторинг во делот на усогласување на матичната легислатива со законската легислатива за дигитализација, што претставува административна бариера за граѓаните. Согласно документите, бројот на прописите и законите кои треба да се усогласат за дигитализација на процесите е околу 140 закони.

Формиран е Национален совет за дигитална трансформација и две работни групи за изменување и дополнување на закони поради дигитализација на процеси поврзани со постапките утврдени со закон и координација на активностите од областа на информациско комуникациските технологии. Отсуството на активности и конкретни резултати, овозможило делумна усогласеност на законите, јавните институции да не ги дигитализираат процесите и услугите, а граѓаните и понатаму да ги користат услугите преку шалтер.

2019 Донесен пакет закони за Дигитализација ИКТ Стратегија не е донесена
2023 Концепт за дигитална трансформација на општеството национални насоки за дигитализација (road map)
2021 До крај на август сите законски измени за дигитализација во Собрание
2022 Ефикасна јавна администрација и интензивна дигитализација

Со ревизијата е утврдено дека отсуствува синхронизација на статистиките помеѓу порталите на институциите кои нудат електронски услуги и националниот портал, поради што не е можно да се утврди вкупната бројка на реализираните електронски услуги во државата. Од 2020 година наваму, преку националниот портал за е-услуги од околу 110.000 регистрирани граѓани реализирани се помалку од 65.000 електронски услуги.

Отсуствува и промоција и информираност на граѓаните и бизнис заедницата од страна на Министерството за информатичко општество за дигитализацијата на процесите кај институциите и електронските услуги што се нудат преку националниот портал. Во исто време и отсуството на дигитални вештини на граѓаните придонесува за недоволно искористеност на можностите кои ги нуди порталот за е-услуги.

Со воведување на електронските услуги, се намалува влијанието на административни службеници во постапките и се зголемува употребата на материјално технички средства за издавање на електронски документи. Но, за „дигиталниот образец“ на издадено уверение, извод или потврда се наплаќа износ од 50 денари, иако овие обрасци не се во материјална форма. Исто така заради намалување на административните дејствија за реализација на услугите, би требало да се земе во предвид и намалување на административните такси за електронските документи, со што би се зголемило употребата на електронските документи во пракса.

Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги кои ги нудат институциите, поради што институциите овие активности ги реализираат со економски оператори.

Во системите на Националниот портал за е-услуги вложени се 829.167 илјади денари од Буџетот и ИПА проекти. На порталот се регистрирани 112.657 корисници кои побарале 64.700 е-услуги. Имајќи ги во предвид средствата кои се вложени во развој и одржување на националниот портал за е-услуги и бројот на реализирани е-услуги, произлегува дека цената на една реализирана услуга преку овој портал изнесува 12.815 денари. Поединечниот или фрагментираниот институционален пристап за развој на самостојни е-решенија, вложени финансиски средства за нивно одржување, резултира со нерационално користење на ресурсите.

Воспоставени се пет центри за Една точка на услуги, каде граѓаните без дигитални вештини и лицата со попреченост на едно место може да добијат услуги и информации за услуги од различни институции.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ревизија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.