Од утрово во 8 часот до попладне во 15 часот по средноевропско време (10 до 17 часот по московско време) стапи на сила „режим на затишје“ за борбените дејства во украинските градови Мариупол и Волновака со две цели – непречено движење на хуманитарни конвои и евакуација на цивилно население.
Во Мариупол во секој момент треба да започне евакуацијата на цивили според временскиот план што го даде градскиот совет.
За таа цел се организирани автобуси за транспорт на лица на безбедни места од три локации во градот.
На жителите им е кажано дека може да користат и сопствени автомобили за безбедно патување по одредена рута северозападно до градот Запорожје за време на прекинот на огнот.