Македонската кадетска ракометна репрезентација ќе биде наградена со 700.000 денари за освоениот ЕХФ шампионат во Летонија викендот, најави претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешната средба со националниот тим по враќање од Балтикот.
Најавата ќе биде реализирана, откако ќе мине на седница Управниот одбор на РФМ, како потврда за ценење на успесите на националните селекции во сите возрасни категории кои добиваат идеални услови за тренинзи и подготовки.
Со освојување на турнирот во Летонија, македонските кадети обезбедија пласман на Светското првенство во 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.