Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристо Лазаров: ПРЕД СЕКОЕ СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ- На Гане Тодоровски

0
By Нова ТВ on May 11, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Незаборавник: 85-годишнина од раѓањето на Гане Тодоровски

Автор: Ристо Лазаров

ПРЕД СЕКОЕ СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

На Гане Тодоровски

Кога да се враќам со авион во нашето Скопје
задолжително резервирам место
до прозорецот од десната страна
оти оттаму и да сакаш не можеш
да не го видиш Кожле
и тие минутка-две брзам да ти
изнакажам што има ново во татковината
од последното надледтување на Кожле до денеска.

А има, има во филмот за македонското совремие
еден куп снеубавени денови и уште којзна колку купишта
одродени гадинки, кои се натрчуваат како во
забрзаните кадри на филмовите на Чарли Чаплин,
вклучувајќи го и оној за големиот диктатор.

Никој не си спомнува дека Чарли Чаплин
има и филм за малиот народ,
тој филм катаден го гледаме, сенемаскоп, во
синекплексите на новите трговски центри,
со окалки за трета димензија. Окалките, се разбира,
следуваат откако ќе ги вапцаме сите бои, сосе аловата
(можеби затоа нашиот народ навреме беше бил рекол:
нашиот ал ни кулињата не го јадат).

Општо земено, како да учествуваме сите
во некаква регата без ветар, како да летаме сите
во место што би рекол нашиот Горан Стефановски
– а кога ќе се разбрануват далгите на дележот
никој не знае кој тоа го разбуричкува езерото на живеачката,
знаел не знаел, тој што никој не го знае,
го поткренува високо, највисоко, повисоко и од онаа стената
кај Свети Јован Канео во Охрид,
бранот на пизмата што да нема веслач кој ќе го допре брегот,
што да нема пливец што ќе исплива на суво.

Толку силна пизма
ги снајде Македонците, што песните за чумата од Демир Капија
сега да ми ти личат како за детскиот фестивал ,,Златно славејче”.
Сега и да има јунаци, пизмата да ја истераат, тие треба
да се бараат на тендер.

Секој тендер трае по неколку месеци,
велат дека провизиите се знаат однапред, ама Македонија
пак нема време за чекање, како при влезот низ големата порта
на Транзицијата.

Не умри магаре до зелена трева,
некако може да се објасни мисијата на сеништата во
нашата татковина, а галиба така некако може и да се објасни
зошто во Охрид, Охрид убав мил, рибите не знаат кој им
ги јаде икрите, а градските чалгии ја заборавиле од почеток до крај
онаа Прличевата Каде се нашите писатели, каде се нашите списанија?
а знаат дека се е прав и пепел сторено, знаат и каде
се нашите писатели, ене ги онаму кајшто чекаат ред за
комисиско просветление на некакви стари гревови,
кајшто се обидуваат да им го убијат нивното јас, како да
биле не биле, како да напишале ненапишале, сега дошол
редот да им се ситат разни шутраци од кои утре татковината
ќе се срами, под услов утре да не биде доцна, и под услов
тука да знае некој што се подразбира под зборот утре.

Кога почнаа просветлувачките луњи, си помислив, блазе си
ви на сите вас, нашите учители, што си заминавте
(некој пред време, некој на време) на оној свет,
ама и таму немало раат, просветлувачите никого не оставаат на раат,
и мртвите биле грешни и требало да одговараат –
така решиле, така прават, се борат за ударнички значки кутрите,
и до нив не допира ни молба, ни клетва, ни предупреда, ништо,
ела па да се најде некој да ги убеди дека
се штеточинки, дека произведуваат загроза на јазикот,
а одамна се беше рекло дека писателите не пишуваат само
со јазикот, ами со целото битие, со сето сеќавање и традиција –
е изгледа на посветлувачите им пречи баш тоа единство
на писмото и традицијата, така полесно ќе да се
откоренувал идентитетот.

Гледам, запинам да те видам професоре,
под ладовината на дабот во Кожле
да ти шепнам дека дојде и такво време,
ние атеисти по вера и убедување, да му се молиме
на Бога луњиве на новите македонски дележи и пизми
да го заобиколат Кожле, да те остават на раат
да не мораш да ги размавтуваш со Фуснота со повод,
ама некако бргу, како и секогаш, пролета таа минутка-две
на надлетувањето на авионот на Кожле,
како и секогаш ќе остане нешто и за дорекување,
додека од прозорското стакло на авионот чистам
едно влакно, мислам дека е од брадата на Ален Гинзберг,
за да може побистро да се видиме очи в очи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.