И покрај помалиот број на напади, ризикот од тероризам во Европската унија е сè уште висок, се наведува во извештајот на Европол.
Најголемите терористички закани за Европа доаѓаат од екстремните исламистички и екстремно десничарски организации, но континентот е загрозен и од последиците од војната во Украина, како и од акциите на противниците на антиепидемиските мерки, се наведува во извештајот.
Минатата година истражителите регистрираа 15 терористички напади во земјите на ЕУ, вклучувајќи неуспешни и спречени обиди, што е значително помалку од 57-те напади во 2020 година.