Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите сакаат онлајн настава, од МОН децидни-наставата продолжува со физичко присуство

0
By Ivana on November 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со доаѓањето на зимата, расте стравот и загриженоста на родителите како да се спречи ширењето на коронавирусот во училиштата. Тие бараат наставата да продолжи да се одвива онлајн за учениците, бидејќи како што велат, постојано расте бројот на заболени од вирусот. 

– Училиштата константно имаат ученици заболени од корона вирусот. Освен тоа, училиштата немаат средства за хигиена, па самите родители сме приморени да купуваме, вели родител кој сакаше да остане анонимен.

Од фејсбук иницијативата “Поддршка за онлајн настава” се обратија и до министерката Царовска, министерот Филипче како и до Комисијата за заразни болести.

– Голем дел од децата и наставниот кадар се заразени од оваа непредвидлива и смртоносна болест. Многу забоелни. Наставниците се очајни,исплашени да не бидат избркани од работа, а тие се ставени исто во голем ризик, вели Ана Глигорова од иницијативата.

Нова ТВ го исконтактира Министерството за образование и наука, од каде што велат дека наставата во основните и средните училишта и во наредниот период продолжува да се одвива со физичко присуство.

– Тоа е од највисок интерес за учениците и едно од најпосакуваните сценарија. Состојбата со Ковид-19 е стабилна. Министерството за здравство и МОН продолжуваат на дневно ниво ја следат состојбата и да прават проценка. Препораките за промена на моделот на настава ги дава Комисијата за заразни болести, информираат од ресорното министерство.

Анализата на Министерството за здравство покажува дека е голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19.

– Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. 56% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, велат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Здравствените работници апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита со цел да се спречи ширењето на вирусот. Велат, особено треба да се внимава во текот на зимските месеци, кога поради ладното, граѓаните се повеќе се групираат во затворени простории.

Тие предупредуваат да се избегнуваат масовни собирања на затворено, но и да не се заборава на задолжителното носење маски и миење на рацете.

Доколку за месец и половина граѓаните не се корегираат во своето однесување, според прогнозата на здравствените работници, во февруари не очекува нов бран на Ковид-19.

Оваа учебна година за сите ученици од основните и средните училишта, со одлука на Владата, а по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести. Учебната 2021-2022 година се организира согласно Планот за организација и протоколите за постапување на училиштата за време на настава со физичко присуство кои се изработени од страна на МОН во координација со Комисијата за заштита од заразни болести и истите се доставени до училиштата на почетокот на месец јули

И.Р.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.