Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родителите си ги гледаат децата зависници како умираат оти државата не дава пари

0
By Томе Христов on March 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Зависник е од својата 13 година. Денеска има 34 години. Поголемиот дел од животот досега го поминал во оние мрачни места каде што само дрогата може некого да однесе.

Вака младиот Д.Н. ја започнува својата животна приказна воглавно раскажана низ хоророт на зависноста. Но, неговиот пат сега е променет, откако пред три години решил да се вклучи во Програмата за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција „ПОКРОВ“, во склоп на здружението на граѓани „ ИЗБОР“, во Струмица.

„Почнав со лесни дроги за многу набрзо да почнам со хероин, кокаин, екстази, метадон, трипови и се што постои. Кога стигнав до дното и кога уништив се околу себе, дојде момент да кажам дека е доста и дојдов овде“, вели тој.


Оваа програма не била само негов спас во борбата со зависноста, туку и можност повторно да се „почуствува како свој човек“ бидејќи тој сега работи во здружението и им помага на другите.

„Овде имаме програма во која што се наоѓаш самиот себе и што понатаму сакаш да направиш од себе. Имаме стручни луѓе, социјални работници кои буквално ни помагаат во делот да створиме работни навики, вели Д.Н.

Во моментот се вклучени 15 до 20 луѓе зависници во програмата за одвикнување од дроги и алкохол. Д.Н. помага како што и нему му се помагало. Некогаш безнадежниот млад човек сега има соништа, а она што го посакува за себе го посакува и за оние на кои им помага.

„Сето тоа требаше да го надополнам и психички и физички. Тоа е исто како од дете да станеш маж. Разликата од моментот пред да дојдам и денеска е огромна. Сега сум нов човек, овде сум вработен и во иднина планирам да формирам семејство“, ни раскажа Д.Н.


За разлика од него, нашиот следен соговорник ни рече дека веќе една година е дел од програмата во која му остануваат уште осум месеци. Неговата приказна за зависник од опојни дроги започнува кога имал 30 години. Дотогаш вели, буквално бев криминалец.

„Се најдов на работ на смртта, бев во кома четири дена. Пред една година дојдов овде и главната причина беше да си го средам животот и да ставам крај на тие црни моменти од мојот живот. Кога дојдов тука и сега после една година, чувствувам разлика, постои другарска љубов ,сите си го знаеме проблемот, имаме стручни луѓе што ни помагаат, а имаме и бивши зависници оператори кои пак ни помагаат да согледаме како тие функционираат, односно како може да се живее без една супстанца“, вели нашиот соговорник.

„Дојдов со мисла дека ќе седам еден месец и ќе бидам излечен. Но процесот е 18 месеци, период да седнеш и да размислиш како понатаму во животот. Овде црпиш една енергија и едно знаење што надвор не можеш да ги платиш со ниедни пари“, ни раскажа нашиот соговорник.

Државата не дава ни денар, втората шанса зависи од милоста на црквата и донаторите

Сепак, втората шанса не се добива така лесно, а уште е потешко ако си сиромав.
Токму парите се најголемиот проблем за одредени родители кои не можат да им помогнат на своите деца да го поминат патот на приказната наречена „ПОКРОВ“. Мајка, која сакаше да остане анонимна за НОВА вели дека е принудена да го гледа своето чедо како тоне и умира оти немаат средства за лекување.

„Од каде да платиме за нашиот син да се лечи и да работи таму. Немаме толку пари и нашата приказна ќе остане дома – да гледаме како нашиот син умира“, огорчено вели таа.


Месечната сума која треба да ја одделат е 300 евра. За жал, и претседателот на здружението Сократ Манчев вели дека е свесен за тоа, но тоа е единствен начин да се опстане во овој момент. Тој додаде дека покрај сумата од 300 евра што ја плаќа секој зависник месечно за престој, главниот партнер во оваа приказна е МПЦ – Струмичка епархија. До сега помош пристигала и од општината, странски донации, приватни лица, но не и од државата, што е и најголемиот парадокс. Луѓето кои бараат спас да се излечат за повторно да се вратат во општеството како продуктивни луѓе, на крај немаат помош од државата.

Од минатата година три лица што се социјални случаи за прв пат се влезени во буџетот на општина Струмица, што значи во делот на партиципација ќе финансира и таа, а тоа е прв пат во Македонија за таа целна група локалната општина да одделува средства. Манчев истакна дека се надева оти таквиот чекор ќе го следат и другите општини.

Наместо метадон и негрижа, иновации и работа

„Најголемата иновација што ја направивме како здружение се состои во делот за одвикнување од дрога и алкохол. Таа е единствена таква програма во државата“, вели Манчев.

„Свесни оти тие луѓе по завршувањето на програмата од 18 месеци многу тешко ќе се вратат во своите средини како прифатливи и продуктивни личности, направивме една иновација во делот на реинтеграцијата. Сите тие кои успешно ќе ја завршат програмата, а немаат услови да најдат работа во своите средини, ние ги вработуваме. За нас е многу важно тие после завршувањето на програмата сами да почнат да егзистираат и да создаваат за својот живот. Заради тоа суштински дел во програмата, која има четири дела (адаптација, интензивно лекување, ресоцијализација), е реинтеграцијата. Идејата за реинтеграцијата не е како што некои новинари го користат тоа за да напишат бомбастичен наслов дека ги лечиме овде со земјоделие. Тука создадовме земјоделски капацитети за да можеме да дојдеме до работните терапии, а со тоа да станат одговорни, како и да стекнат работни вештини. Имаме 7 хектари земја, имаме развиено органско производство, садиме наши овоштарници, 600 дрвца цреши, 200 дрвца друго овошје, работиме шери домати, други земјоделски производи, и продавајќи ги тие производи, добиваме средства да ги плаќаме вработените. Ете, во тоа е нашата иновација по што сме и препознатливи. Сето тоа го правиме со цел да бидеме самоодржливи“, вели Сократ Манчев.

Здружението „ИЗБОР“ во сите свои програми има вработено 32 луѓе, од кои 12 се вклучени во програмата за одвикнување од дроги и алкохол. Функционираат веќе 16 години и се дел од мрежата на невладини организации што работи на превенција од ХИВ/СИДА превенција, на маргинализирани групи, корисници на дрога, интервенциски корисници на дрога и сексуални работници. Делуваат и регионално со две такви програми во Гевгелија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.