Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родово базирано насилство во Бих и медиумски осврт

0
By Нова ТВ on December 29, 2017 ВЕСТИ
Суад Бегановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Во доменот на медиумското известување спаѓаат и теми кои бараат потемелен став, а не само голо информирање за настанот – ова е мислење кое го застапуваат бројни организации за заштита на жените од родово базирано насилство. Иако на прв поглед, се чини дека со тоа се нарушува неутралноста на новинарската позиција, со аргументите кои ги понудија активистите и експертите за оваа тема, се добива поинаков впечаток.

Босна и Херцеговина е длабоко патријархално општество во кое насилството егзистира во секоја сфера на животот, со тоа и насилството врз жените е уште почесто. Непропорционално, известувањето за тоа се сведува на повремено и церемониално известување за некој особено медиумски промовиран случај, или за време на посебни датуми, како Осми март, денот на жената.

Податоците велат дека: „Секоја втора жена во Босна и Херцеговина доживува родово базирано насилство, што води до број од 750.000 потенцијални жртви.“ Босна и Херцеговина има вкупно 3.7 милиони луѓе.

Со оглед на тоа дека многумина сметаат дека за родово базираното насилство мора да се зборува и за причините, не само да се документираат случаите на злоставување. За насилството треба да се зборува во неговата физичка манифестација, но и за психичкото кое е почесто, сметаат феминистичките активистки.

– Кога и да пријавеше наша клиентка психичко насилство, институциите велеа дека психичкото насилство не може да се докаже. Ако нема видливи модрици, нема ни насилство – вели Лана Јајчевиќ, координаторка на СОС телефонот во „Здружени жени“.

Организацијата „UN women“ во БиХ правеше истражување за првата половина од 2016 година, за медиумското известување за случаите од овој тип на насилство. Од 193 случаи на насилство, дури петтина од нив се пропратени со коментар за родно базирано насилство. Со други зборови, медиумите за најмногу од насилствата објавуваат во црната хроника, без да се прошири свеста за причините. Горе наведените податоци за бројот на злоставувани жени се потврдени и во други анализи. Но, во исто време често се укажува дека медиумите репродуцираат патријархални ставови така што под маската на неутралноста, не наведуваат изричен став за родово базираното насилство.

Анализата наведува дека во медиумите наоѓа „многу статии за конкретни случаи на насилство врз жени (физичко или сексуално најчесто) кои во себе не го содржат тој израз и не ја поврзуваат на пример веста дека  жена претрпела удари од својот маж со насилство врз жените како општествен проблем.“

Голем проблем е и сензационализмот, па жените кои трпат насилство препознаваат дека во нивниот случај се крие примамлива вест, но и дека таа вест не значи и долгорочно поправање на ситуацијата. Покрај другото, тоа е една од причините поради кои родово базираното насилство останува табу тема.

Врската на медиумските словоди и родово базираното насилство е посложена од прашањето на цензура. Новинарите кои пишуваат за тоа ретко се метка на уцени, закани или цензура од уредниците. Нивните проблеми почнуваат од фактот дека новинарките и самите трпат некој облик на дискриминација, а за тоа не се алармира ниедна институција. Исто т ака, иако за родово базираното насилтво може да се пишува, често за таа тема се дава мал простор (во печатените медиуми буквално се ограничува бројот на зборовите), па на таа тема се приоѓа површно поради недостаток на време за истражување. Како последица имаме стереотипно известување.

Не се сите статии такви. Пред неколку денови, Никола Вучиќ, новинар на Н1 телевизија, доби награда од „UN women“ преку здружението на БХ новинари во категоријата ТВ новинарство за работа на тема родово базирано насилство.

Вучиќ на проблемот се осврна критички, препознавајќи дека тоа што таквите новинарски прилози се наградуваат сведочи за недоволно самоиницијативниот ангажман на новинарите, или новинарските редакции.

„Ме радува ова признание бидејќи е поттик за понатаможен општествен ангажман. И колективот на Н1 неброени пати покажа дека со својата работа и приказни е на страната на угнетените и маргинализираните групи и поединци, па затоа ова признание на некој начин ни припаѓа на сите нас.

Колку и да ласка едно вакво признание, би ме радувало сепак мојата генерација да дочека време во кое нема да биде потребно да се распишуваат конкурси и да се доделуваат награди за оние кои во јавниот простор се залагаат за заштита на родовата рамноправност и кои се спротивставуваат на праксите на родово базирано насилство.

Да се крене својот глас против културата на насилство и маргинализираните жени е етички императив.

Во таа смисла и медиумите имаат важна улога во креирањето поправедно општество бидејќи да се биде на страната на угнетуваните е обврска на сите општествено одговорни личности и организации“

До посистематичен приод кон темата родово базирано насилство во БиХ, тоа останува тема на малкубројни новинари и таблоидна замка за привлекување читатели.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.