Фудбалерите на Рома и на Феенорд ќе бидат актери во првото финале на новоформираната Лига на конференции, откако вечерва го елиминираа Лестер, односно Олимпик Марсеј во реванш полуфиналните мечеви.
„Римската волчица“ го совлада Лестер со 1:0 и со вкупни 2:1 си обезбеди место во мечот за титулата. Холандскиот претставник, пак, успеа да ги сочува почетните 0:0 на „Велодром“ во Марсеј и по триумфот со 3:2 во Ротердам се пласира во големото финале.
Финалето во Лигата на конференции е на 25 мај во Тирана.