Со филмот „Изгубени во транзицијата“ на режисерката Кристина Ничитус, во четврток, со почеток во 20 часот почнува циклусот романски филмови во Кинотека на Македонија.
Од 28 март до 2 април ќе бидат прикажани дел од тенденциите на современиот романски филм, со фокус на комедиите од понова продукција.
Во период кога романската кинематографија според квалитетот станува доминантна на европската и светската мапа, македонската публика ќе има можност подобро да го запознае овој нов правец.
Кинотеката издаде и и брошура во која за современиот романски филм пишува Мариан Цуцуи, филмолог од Романија, кој ќе биде присутен на отварањето на филмскиот циклус заедно со директорката на Романската кинотека – Анка Митран, која ќе го отвори циклусот.
Циклусот ќе биде прикажан и во Центарот за култура „Марко Цепенков“, Прилеп, од 19 март до 3 април.