Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ровер“: Потресно во судницата – излагање на завршни зборови

0
By Сашка Цветковска on July 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во судот завршија излагањата на завршните зборови на одбраната во случајот „Ровер“ каде обвинет е поранешниот лидер на Обединети за Македонија Љубе Бошковски и уште 14 луѓе, од кои четворицата првообвинети се во бегство, а Обвинителството во своите завршни зборови го повлече обвинението за петорица инспектори на МВР поради немање докази.

Потресен беше настапот на обвинетиот инспектор Гоце Митровски чии завршни зборови предизвикаа емоции во судницата, а неговата сопруга се расплака. Митровски зборуваше за неговата кариера од 22 години, неговата работа на важни случаи како атентатот на претседателот Киро Глигоров, скромниот семеен живот и горчината која ја чувствува по толку години служба во полицијата поради, како што вели неправдата која му се нанесува.

Гоце Митровски е обвинет за помагање на убиство. Обвинителката во актот пишува дека таа ноќ пред 11 години тој и Орце Коруновски, кој сега е мртов и на кој не може да му се суди за убиството на Марјан Тушевски се возеле заедно. Интересно е што Митровски самиот пред истражен судија раскажал дека таа ноќ се сретнал со обвинетиот бидејќи во тоа време работел како инспектор оперативец на тајни задачи и дека за тоа постојат и службени белешки кои тој ги доставил веднаш по средбата, по што обвинителката врз основа на неговиот исказ го составила и обвинителниот акт од само четири реченици, како што велат од одбраната. Во текот на процесот Судот без образложение ја одби одбраната да ги приложи службените белешки на судењето како доказ.

>>Семејството на Тушевски бара отштета од 5,4 милиони денари

>>Бошкоски: Политички затвореник како Тимошенко

„Која е мојата улога во овој случај, зарем тој што прикрива убиство остава зад себе пишана трага, документ, службена белешка. Се што имате против мене е исказ на лажен заштитен сведок и никаков материјален доказ, и тоа сведок кој тврди дека ме чул како со другите обвинети во кафеана заговарам убиство. И тој тоа го чул од другата маса во полна кафеана. Па зарем во кафеана полна луѓе ќе заговарам убиство уште и да чујат од другите маси?“, рече Митровски.

Митровски е последниот обвинет кој денеска даваше завршен збор. На минатото рочиште исказ даде и Љубе Бошковски чија одбрана побара судот да го отфрли обвинението за кое обвинителството го товари него, а е поврзано со помагање на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

Адвокатот на Бошкоски, Дончо Наков, зборуваше за, според него, правните пропусти на обвинението. Тој посочи дека според зборовите на обвинителката единствено причина поради која што на обвинителна клупа не е Орце Коруновски е тоа што е мртов, инаку и него ќе му се судело, како поттикнувач на убијците кои А Бошкоски според обвинителката бил психолошки помагагач на поттикнувачот-

„Значи ако Орце е поттикнувач, Бошкоски е помагач на поттикнувачот, а обвинетиот Зоран Трајчевски е помагач на помагачот на потикнувачот, а останатите обвинети оперативци кои биле на терен биле помагачи на помагачот на помагачот на поттикнувачот, па така имаме дедото за репката, бабата за дедото и се така натаму – рече адвокатот Наков, а пренесе ПлусИнфо.

Пресудата ќе биде соопштена следниот петок, на 12 Јули во 13 часот во Основниот суд 1.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.