Русија и Украина денеска потпишаа договор, со посредство на Обединетите нации (ОН) и Турција, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. Со договорот треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.
„Договорот ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денеска се појави светлина на надеж на Црното Море. Светло на олеснување за светот, потребно повеќе од кога било“, истакна Гутереш.
Тој додаде дека договорот ќе ги стабилизира глобалните цени на храната.
„Благодарам на Русија и на Украина што ги надминаа сите разлики и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива, која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет“, посочи Гутереш, додавајќи дека „фокусот беше на она што е најважно за светот“.