Руското министерство за одбрана ги повика националистите во Мариупол да го положат оружјето и им понуди безбеден излаз од тој крајбрежен град утре 21. март, јавува агенцијата Тасс.
Како што се наведува, Украина има неколку часа да даде одговор за предавањето на Мариупол.
Според руските податоци, за три дана се евакуирани 59.000 луѓе од тој град, а Москва наведува дека нуди отворање на хуманитарни коридори кои ќе водат и на исток и на запад.