Руските сили извршија ракетен напад врз Командата на воздухопловните сили на Украина, во украинскиот град Виница.
„Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница“, истакнаа украинските сили.
„Русите истрелаа вкупно шест крстосувачки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.