Украинскикот заменик министер за земјоделство, Тарас Висоцки денеска ги обвини руските сили дека украле речиси 500.000 тони пченица од окупираните региони во земјата.
Тој истакна оти Русија се обидела да им продаде пченица на Египет и Либан, но дека тие одбиле да ја купат.
На овие тврдења нема реакција од Москва, додека западните медиуми не можеа да ги потврдат наводите од Киев.