Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русиjа не престанува со увоз на луѓе и конвои во Украина

0
By Нова ТВ on December 30, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во колумна за НОВА го анализира руското воено влијание во источниот дел на Украина

На 25 декември Информативно-аналитичкиот центар на Советот на националната безбедност и одбрана на Украина го објави извештајот за воената техника, што Русија ја испорача на милитантите во период од 30 октомври до 9 декември 2014 година.

Согласно со извештајот евидентирани се 256 тенкови, 138 „Гради“, 402 оклопни возила, 35 самоодни топови, 42 топови, 5 ракетни системи „Бук“.

Во Донбас од Русија, исто така, влегоа 1 903 камиони, 205 автомобили и микроавтобуси, 20 автобуси со личен состав, 242 цистерни.

Покрај тоа, евидентирано е преместување на 4 системи на тактички ракети „Точка-У“, на 4 повеќеракетни фрлачи „Ураган“, 4 фрлачи на пламен „Пинокио“, 5 автоматизирани системи за следење „Таран“, неколку системи за радиоелектронска борба „Жива-БM“, 3 радарски система и една радарска станица.

Добро познатите руски “хуманитарни“ конвои привлекуваат внимание од медиумите во сиот свет.

Всушност, нивната појава има за цел да го одвлече вниманието од реалните конвои, што секојдневно ги преминуваат неконтролираните делови од украинската граница.

Гореспоменатите иследени покажуваат количината на техника којао ја поминува руско-украинската граница на тие делови, што не ги контролира Украина и не врши надзор Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ.

Ќе спомнам дека таа ја следи ситуацијата само на 2 километра од 409-километарското протегање на украинско-руската граница која се контролира од милитантите.

Во контекст на изложеното, предлагам да се оценат “најсветлите“ изјави на руските политичари, направени во текот на последната седмица. Овој пат без моите коментари.

Значи, прво збор на министерот за надворешни работи на РФ С. Лавров:

„Уверен сум дека оваа трагична етапа во историјата на Украина ќе биде надмината, дека украинскиот народ ќе посака да го обнови договорот преку обединување на сите делови на Украина врз основа на компромис и рамнотежата на интересите… Во таквата украинска држава односот кон Русија ќе биде прекрасен“.

Според мислењето на претседателот на комитетот на Државната Дума на РФ за меѓународните работи А. Пушков украинската власт е неконструктивна и непријателска, без оглед на отстапките што ги прави Русија. Во овој случај се работи за прашањето за гасот:

„Ако не ја водевме работата со Украина – врз основа на авансно плаќање или без гас, односот кон нас нема да се промени: денешната киевска власт е насочена само на омраза“.

Коментирајќи ја информацијата за можното испраќање на Украина на американска воена техника која е стационирана во Авганистан, пратеникот на Државната Дума на РФ Ф.Клинцевич го истакна тоа дека во случај на реализирање на таквите планови, руските парламентарци ќе му предложат на претседателот на РФ В. Путин да направи „чекор во одговор“, односно да донесе решение за испорака на руска воена техника на самопрогласените ДНР и ЛНР.

Врвот на хит-парадата од изразите е изјавата на претседателот на Советот на Федерацијата на РФ В. Матвијенко во врска со укинувањето на вонблоковскиот статус на Украина:

„Тоа е уште една избрзана, непромислена одлука, донесена под зуење на антируски расположените пратеници. Русија навистина не и се заканува на Украина“.

Нема што да се коментира, навистина. Единствено, што можам да додадам е тоа дека увозот на руската техника и жива сила во Украина не престанува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.