Русија нема да бара од Европската Унија (ЕУ) да ги укине санкциите, бидејќи има доволно свои залихи и алтернативи, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува агенцијата РИА Новости.
„Европската Унија не е центар на универзумот“, рече шефот за европска координација при руското МНР, Николај Кобринец, пренесува „Ројтерс“.
Русија порача дека ќе одговори на санкциите на ЕУ, истакнувајќи дека 27-те земји во блокот можеби ќе сфатат дека конфронтација со Москва не е во нивни интерес, додава РИА Новости, повикувајќи се на висок претставник во Министерството за надворешни работи.
„Акциите на ЕУ нема да останат без одговор. Неодговорните санкции на Брисел веќе имаат негативни ефекти во секојдневниот живот на Европјаните“, порача Кобринец.