Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој.
„Министерството достави список на договори до државната Дума кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат“, рече Толстој.
Тој рече дека Русија го напуштила Советот на Европа и дека „сега на ред се СТО и СЗО“, бидејќи, како што наведе, „договорите со нив не и носат корист на Русија, туку штета“.
Партијата „Единствена Русија“ има двотретинско мнозинство во рускиот парламент, а сите закони донесени по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, беа донесени речиси едногласно, потсетува Бета.