Русија прогласи 40 германски дипломати за персона нон грата. Германскиот амбасадор Геза Андреас фон Геир денеска бил повикан во руското МНР. Притоа му било изразено незадоволство поради протерувањето на руски дипломати и му било соопштено дека Москва, како одговор, прогласила 40 вработени во германската амбасада во Русија за персона нон грата.
Во март и април речиси сите земји од Европската Унија протераа руски дипломати и технички персонал.