Москва протера тројца словачки дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, како одговор на потегот на Братислава да протера тројца руски дипломати поради шпионажа овој месец.
Руското министерство соопшти дека го повикало амбасадорот на Словачка во Москва и му соопштиле дека тројца дипломати сега се персона нон грата „како одмаздничка мерка“.