Русија објави дека регрутирала околу 16.000 борци од Блискиот исток, јавува „Би-Би-Си њуз“. Велат дека преку социјалните мрежи во Сирија се затрупани со барања од луѓе кои сакаат да се придружат на руската војска во инвазијата на Украина.
Неименуван руски претставник кој работи на регрутација, за „Би-Би-Си“ рече дека „регрутацијата на борци за војната во Украина се спроведува како што ја спроведувале во Либија“.
„Сите имаат право да ја променат одлуката по пријавувањето. Никој не ги присилува да одат во војна“, рекол тој.
Русија го поддржа сирискиот режим за време ан граѓанската војна во таа земја, а руските прорежимски медиуми јавуваат дека „сиријските војници сега сакаат да ѝ вратат услуга на Русија“.