Руската полиција го разреши случајот со сериските убиства кои се случиле во земјата и ги уапси осомничените за ужасни злосторства. Поранешна наставничка во градинка Инес Тарвердијева, нејзиниот сопруг Роман Подкопаев и нивните две ќерки на возраст од 25 и 13 години кои учествувале во убиството на околу 30 луѓе, меѓу кои имало и деца.
Цели шест години, семејството убивало невини луѓе, и кога конечно биа фатени Подкопаев беше застрелан во престрелката со полицијата, а една од ќерките сериозно повредена. Меѓу жртвите на немилосрдното семејство се и шест полицајци. Полицијата се сомнева дека семејството најголем број убиства ги извршило во последните шест години, иако некои датираат од 1998. година.
Во текот на судењето, Инес рекла дека семејството на убиствата гледа како “одење на работа” – убивањето и грабежите за нив било начин да заработат пари. Таа, исто така, рече дека тие ги мразеле полицајците и дека тие биле “гангстери по природата.”
Меѓу жртвите биле пронајдени и деца. Едно момче било убиено со стрелање во главата, додека 11-годишно девојче било избодено со нож до смрт. На две тинејџерки им биле извадиби очите пред да бидат убиени!
Меѓу уапсените се и сестрата на Подкопаева Анастасија и нејзиниот сопруг Сергеј Синелник поранешен сообраќаен полицаец. Тие се осомничени за помагање во злосторствата.