Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека денеска ќе нема хуманитарни коридори за евакуација на цивили од опколените градови, но нагласи оти се работи за нивно повторно отворање.
Во порака на Телеграм, таа ги обвини руските сили за прекршување на примирјето и блокирање на автобусите што ги евакуираат цивилите.
Градоначалникот на Мариупол, пристаништен град во јужна Украина кој е опколен од руските сили, неодамна изјави дека уште 100.000 цивили чекаат евакуација.