Руската новинарка Оксана Баулина загина при денешното бомбардирање на Киев.
Оксана Баулина работеше за независниот руски портал „Инсајдер“, кој најмногу известувал за корупција во владата во Москва.
Таа загина при гранатирање додека снимала уништување на еден трговски центар.
Покрај Баулина, во нападот загина уште едно лице, а две се повредени.