Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руска пропаганда „скриена“ во агенциските вести

0
By Sashko on August 19, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Џабир Дерала

Денеска ќе ви дадам еден конкретен пример за тоа како функционира руската пропаганда, што може да им помогне и на читателите и на оние што секојдневно ја информираат јавноста и креираат јавно мислење. Да почнеме со ред.

Во тридневната израелско-палестинската „размена на оган“ од 5 до 7 август, во воздушните напади на израелската воена авијација и артилерија загинаа 46 Палестинци, меѓу кои и 16 деца, според извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања. Министерството за здравство во Газа пријави 360 повредени Палестинци, меѓу кои 151 дете, а израелските власти, без многу детали, јавија дека 70 луѓе биле повредени во ракетните напади на Исламски Џихад од Газа. Тоа е резимето на оваа кратка епизода од бескрајната крвава низа на Блискиот Исток, што нè води кон примерот за руската пропаганда македонското медиумско тло.

На 6 август се појави еден наслов во повеќе македонски медиуми во кој се вели дека „ЕУ и Русија се длабоко загрижени и повикуваат на воздржаност во Појасот Газа“. Повеќето објави го наведуваат изворот МИА. Речиси идентичен наслов се наоѓа и на десетина српски портали. Текстот во српските и македонските медиуми со овој и слични наслови се исти.

Се работи за руска пропаганда. Како тоа?

Точно е дека и ЕУ и Русија излегоа со изјави за ескалацијата на насилствата меѓу израелските сили и палестинските џихадисти. Но точно е и дека реакции и апели имаше од сите страни на светот, од големи и мали држави, релевантни и помалку релевантни светски организации и институции. Реагираа ОН, ОБСЕ, ЕУ, САД, Арапската Лига и кој сѐ не. Но, овој наслов посебно ги доведува ЕУ и Русија во релација и ги изедначува по вредност и важност.

Што е целта на насловот и на текстот? – Целта е да се изедначи важноста на ЕУ и Русија за важни прашања, а особено затоа што се работи за оружен судир. Да се прикаже Русија како важен фактор во светот кој може да се „загрижи“ за некоја криза.

Публиката треба да добие порака дека „загриженоста“ на Русија има, ни помалку ни повеќе, иста тежина како онаа на ЕУ. Па уште и акцентот на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, беше на потенцијалното влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во појасот Газа.

Дескот на МИА најверојатно само механички презел содржина од новинските куќи во Србија. Такви се насловите во Н1, Нови Магазин и Данас. Но тој што ја составувал веста, а особено насловот бил на задача која не е (само) новинарска.

Сепак, ако веќе морало да се презема, десковите кај нас имале избор. И во медиумите во Србија и многу пошироко, има наслови во кои се говори за реакциите во светот и тие се објавени во посебни содржини. Таков е случајот со Српска инфо и ХепиТВ, кои известуваат за реакцијата на ЕУ, Слободна Европа и српското издание на Еуроњуз, кои известуваат за реакцијата на ОН.

Голем број српски медиуми не ја ни спомнуваат изјавата на Захарова. Бидејќи е манипулативна, а во контекст на бруталната агресија против Украина, таа е и гротескна.

Мониторинг тимот на Цивил ја препозна пропагандата на Русија во изјавата на портпаролката на руското МНР, Захарова, и го објави насловот „Русија се обидува да се наметне како фактор за решавање на конфликтот во Појасот Газа“. Извештајот на Цивил јасно ја лоцира пропагандната манипулација на Русија која истовремено со воените дејствија во Израел и Газа ја загрози безбедноста на нуклеарката во Запорожје, Украина, најголемата во Европа. Во слична насока оди и коментарот на колегата Муратов „Русија глуми ‘загриженост’ за Палестина додека гранатира цивили и нуклеарна централа во Украина“.

Живееме во воено време кога пропагандата е жестока и има многу различни форми. Се вели дека информативните содржини во медиумите служат за непристрасно и неутрално информирање на јавноста. Но од овој пример се гледа како тие влијаат врз јавното мислење.

Секој ден, во многу медиуми се гледа таа „тивка“ пропаганда, руска, националистичка, партиска, комерцијална… Затскриена зад „објективност“, „неутралност“ и „непристрасност“ на информативните прилози во медиумите, пропагандата од било кој вид и на било која тема има посилен ефект отколку огласите и рекламите. Размислете малку, прочитајте повнимателно и ќе видите за што ви пишувам, драги читателки и читатели.

Преземено од civilemedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.