Рускиот авион, кој беше испратен од Москва за да ги земе протераните руски дипломати од Шпанија и Грција, бил принуден да лета на заобиколна рута која имала повеќе од 15.000 километри поради забраната за летови кон ЕУ, покажуваат податоците објавени од веб-страницата FlightRadar, пренесува Гардијан.
„Додека Шпанија и Грција направија исклучок и дозволија влез во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета надвор од земјите кои воведоа забрана за руски летови“, се вели на веб-страницата за следење летови.
На неа се прецизира дека „вкупната должина на летот била 15.163 километри, што е нешто пократко од моментално најдолгиот лет во светот меѓу Сингапур и Њујорк“, пренесува Гардијан.