„Русија е држава која навистина е способна да ги претвори САД во „радиоактивен пепел““, рече еден од најпознатите новинари на руската државна телевизија, Rossiya 1, додека ги коментираше тензиите настанати по вчерашниот референдум на Крим.
Димитриј Кисењов кој сакал да ги поткрепи своите тврдења дека САД и Барак Обама среде Украинска криза живеат во страв од Русија водена од Владимир Путин.
Неговата емисија се емитуваше во момент на објавување на првите резултати од референдумот на кој мнозинството граѓани на Крим се изјаснија дека сакаат да ја напуштат Украина и да се припојат кон Русија, во студиото при тоа тој стоеше пред голем екран на кој имаше слика од голем облак прав во облик на печурка кој се појавува после нуклеарен напад.
„И самите Американци сметаат дека Путин е помоќен од Обама“, рече водителот покажувајќи со прстот на статистиката на екранот.
„Зошто Обама го вика Путин на телефон и разговара со него со часови?„, праша влијателниот Кисељов кој е познат како најпровокативен телевизиски водител, а посебно по честите хомофобични изјави.