Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин: Кризата нема да се прелее во Западен Балкан

0
By Sashko on March 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин вели дека нема опасност од прелевање на руско-украинската криза во регионот на Западен Балкан и дека Северна Македонија не треба да стравува за својата безбедност.

Русија се однесува кон Северна Македонија како што се однесувала и отсекогаш: со еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси, рече Баздникин вечерва во интервју за Сител.

Амбасадорот рече и дека е невозможно кризата да се прошири во Западен Балкан, бидејќи дејствијата се одвиваат во Украина. Притоа ја обвини меѓународната заедница велејќи дека „напумпувањето на Украина со оружје е директна закана за безбедноста на Европа вклучително и на Западен Балкан”.

Тоа оружје може да падне, како што рече, во раце на терористи и разни криминални групи од регионов и да биде искористено за нивни цели.

Баздникин нагласи дека изготвената листа на „непријателски земји“ на официјален Кремљ е реакција на односот на тие земји кон Русија.

Кон Русија досега се преземени 5.530 рестриктивни мерки кон кои, за жал, се приклучи и македонската влада. Испорака на оружје од ваша страна го оценивме како неоправдан ризик по безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е сосема друга приказна, но наша појдовна точка беше владиното соопштение, нагласи рускиот амбасадор во земјава.

Тој истакна дека побарал и средба со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, но, како што рече, до седми март немал никаков контакт.

„Имаме воспоставено меѓусебни дипломатски односи и ние сме за зачестени контакти. Во секое време сум подготвен да се сретнам со челниците во земјава и да ја објаснам руската страна за ситуацијата во Украина, порача Баздникин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.