Амбасадорот на Русија во БиХ Игор Калабухов гостувајќи на телевизијата „Фејс“ каде меѓу другото зборуваше за плановите на БиХ за влез во НАТО, одговарајќи на новинарско прашање, зошто на Русија не и пречат соседните земји кои се веќе дел од НАТО, одговори:
– Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска , Унгарија, Полска? На потпрашањето ; Имате планови против Хрватска? Тој одговори„Против НАТО. Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме“.
Калабухов во интервју за Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ) на 15 март изјави дека Русија ќе поддржи се за што ќе одлучи БиХ, наведувајќи дека тоа е внатрешно прашање на БиХ.
– Ако таа одлучи да биде член на нешто, тоа е внатрешно прашање. Но, друга работа е нашата реакција, наведе Калабухов.
Оваа изјава на рускиот дипломат предизвика остри реакции од босанките власти од редот на Бошњаците.