Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили започнале офанзива по целата линија на фронтот на југот и на истокот на Украина.
Во објавата се наведува дека напорите на руските сили се насочени кон заземање на Мариупол и достигнување до административната граница на регионот Керсон, пренесува Интерфакс Украина.
„Главните напори на непријателот се насочени кон пробивање на одбраната на нашите војници во областите Луганск и Доњецк, како и воспоставување целосна контрола над градот Мариупол“, истакнуваат од украинскиот Генералштаб.