Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руското влијание на локалните избори ограничено, но со ризици

0
By Blerina Tahiri on October 17, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Странските набљудувачи изразуваат загриженост за ниското ниво на медиумска писменост која може да ја направи јавноста поподложна на дезинформации засилени на социјалните мрежи за време на изборната кампања. „За неколку чинители, можното странско манипулирање со информациите во текот на изборниот процес, исто така, претставува причина за загриженост“, се вели во извештајот објавен на 3. октомври.

Зорана Гаџовска Спасовска

Локалните избори во Северна Македонија, откриваат знаци на руско влијание преку реториката и активностите на одредени политичари. Иако сите тие имаат маргинална поддршка, тоа покажува дека Москва има свои идеолошки и политички застапници на македонската локална сцена и сигнализира обид за менување на политичкиот наратив, особено во однос на евроатлантските интеграции, заклучуваат дел од аналитичарите.

Најистакнат пример е отворено проруската партија „Единствена Македонија“ предводена од Јанко Бачев, која јавно се залага за продлабочување на врските со Русија и одбивање на евроатланските интеграции.

Проруска реторика од маргинални партии

Нејзиниот кандидат за градоначалник на Скопје, Зоран Јовановски, најавува збратимување на Скопје со Москва и тврди дека има воспоставени контакти со најмалку 15 руски бизнисмени и инвеститори од Кина и Белорусија, кои би вложувале во инфраструктура и туризам.

„За сето ова ќе ми помогнат контактите со руската и кинеската амбасада во Скопје, кои редовно ме канат на сите нивни приеми и манифестации, кои што се оддржуваат во земјава“, е цитиран Јовановски на веб порталот „Национал.мк“ каде што најчесто се споделуваат соопштенија и информации на партијата „Единствена Македонија“.

Јовановски истакнува планови за развој на, како што го нарекува, македонско-источно славјанското пријателство и зголемување на туристичкиот прилив од руски, белоруски и украински посетители, како и подигање на споменик на рускиот конзул Александар Аркадјевич Ростковски кој загинал во 1903.

Тој неодамна изјави дека се надева оти со помошта на американскиот претседател Доналд Трамп ќе заврши војната во Укрина и Москва ќе ги оствари своите геополитички цели.

„Единствена Македонија“ именувана по примерот на партијата на Путин „Единствена Русија“ никогаш не освоила пратенички мандат, ниту пак е забележано учество во локалната власт. На овие локални избори настапува со кандидати за градоначалници и советници во 29 од вкупно 80 општини.

Со сличен идеолошки правец делува и вонпарламентарната партија Родина, која прв пат настапи на локалните избори во 2021 година. И годинава има свои кандидати за градоначалници и советници, под максимата „Мисли планетарно, делувај традиционално“.

Носителот на советничката листа на „Родина“ Зоран Јованчев предупреди дека „ако следите комедијант, на терен ќе ви се случуваат национални трагедии како во Украина“, алудирајќи на Володимир Зеленски пред да стане претседател на Украина.

Иако обично невидливи во јавноста, овие партии добиваат скромен медиумски простор за време на изборни кампањи. Според анализа на фондацијата „Метаморфозис“, нивното влијание на јавноста останува ограничено, но не и без ризици.

Невидливи, но со ризици

Деспина Ковачевска од фондација Метаморфозис вели дека при нивниот мониторинг на медиумите во изборната кампања се забележува присуство на руско влијание не само во пораките на кандидатите, туку и во дел од црковните претставници.

„Тие ја илустрираат истата линија на наративот на Кремљ за губење на суверенитетот на државите доколку се приклучат кон Европската унија — наратив што е нотиран од EUvsDisinfo како еден од клучните дезинформациски тактики врз кои се базира странското малигно влијание“, објаснува Ковачевска.

Според првиот преоден извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР меѓу прашањата кои доминираат во кампањата се и дебатите за реформите коишто се потребни за напредок во процесот на интеграција во Европската Унија.

Странските набљудувачи изразуваат загриженост за ниското ниво на медиумска писменост која може да ја направи јавноста поподложна на дезинформации засилени на социјалните мрежи за време на изборната кампања.

„За неколку чинители, можното странско манипулирање со информациите во текот на изборниот процес, исто така, претставува причина за загриженост“, се вели во извештајот објавен на 3 октомври.

Од друга страна политичкиот аналитичар Џелал Незири не верува дека таквите наративи на локалните избори можат да го променат јавното мислење.

„Заради природата на самите избори коишто се локални, тешко е дека тие теми и влијание можат да имаат ефект, не верувам дека може да го преобликуваат јавното мислење на тој начин што ќе им одговара на нивните агенди“, објаснува Незири.

Инаку поддршката за евроинтеграциите во Северна Македонија и натаму е висока. Според најновото истражување на Институтот за политички истражувања (ИПИС), 61 отсто од граѓаните би одговориле позитивно на прашање на референдум дали земјата треба да влезе во ЕУ.

Апасиев со говор во Москва на денот на победата над фашизмот

Единствена парламентарна партија која покажува блискост кон Москва e „Левица“, чиј лидер Димитар Апасиев присуствуваше на Воената парада во Москва за да го прослави Денот на победата над фашизмот на покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во официјална посета на Руската Федерација на покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов на 9 мај 2025 година.

Како што соопштија од партијата тогаш, Апасиев одржал говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакнал дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба.

„Но, Левица се држи до локални теми на овие избори“, забележува извршниот директор на невладината Еуротинк, Димитар Николовски.

Ковачевска додава дека Левица сепак е„ добро позната по својот евроскептицизам и по неколкуте средби со претставници на руската амбасада“.

На овие избори Апасиев јавно се пожали дека партијата била дискриминирана во распределбата на буџет за политичко рекламирање, и најави правна постапка пред Европскиот суд за човекови права.

Имено, иако Левица има повеќе од пет пратеници и пратеничка група во парламентот, изборниот законик не ја предвидува во категоријата партии кои имаат право на државни средства за платено политичко рекламирање.

„За оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Но, верувајте, неправдата ќе предизвика ефект на бумеранг. Народот гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак!“, изјави Апасиев.

Проруски министер во Владата

Во Скопје, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, положи цвеќе пред споменикот „9 Мај“ заедно со рускиот амбасадор Баздникин.

Aмбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ пред споменикот „9 мај“, во чест на Денот на победата над фашизмот и 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Стоилковиќ е познат по блиските односи со Москва и учеството на руски безбедносни форуми, каде што ја афирмира својата заложба за продлабочување на билатералната соработка.

Минатата година го опиша учеството на рускиот безбедносен форум како „скапоцено искуство“ и „нови сознанија“, додавајќи дека одржува добри односи со руските партнери преку официјални и неформални канали. Годинава учествува во локалните избори како носител на советничка листа во Куманово со паролата „кој не сака брат за брата, ќе добие туѓин за господар“.

Aмбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ на Денот на победата над фашизмот

Само неколку месеци подоцна на 12 август делегација од опозициската СДСМ во Битола го одбележа пријателството со Русија и положи цвеќе пред споменикот „Руски крст“ во чест на рускиот конзул Александар А. Ростковски. Делегацијата ја предводеше опозицискиот кандидат за градоначалник Методија Куновски.

Незири: Со „меката моќ“ на руското влијание се подготвува база за парламентарните избори

Политичкиот аналитичар и претседател на Институтот за медиуми и демократија (БИРС) Џелал Незири смета дека сегашните активности на проруски субјекти имаат ограничено влијание на локалните избори, но создаваат база за идно политичко дејствување на национално ниво.

„Ако гледаме како се одвива дебатата и како одредени политички субјекти земаат замав кај нас, мислам дека тука може да се побараат тие врски, било тоа логистички, идеолошки или финансиски, коишто истите ги имаат со Русија, Кина и останати земји коишто се од спротивната страна од нашата стратешка ориентација. Тоа невидливо присуство на руското влијание мислам дека е присутно и на овие избори,“ вели Незири.

Но целта се следните парламентарни избори и затоа, според Незири, кампањата за локалните избори е често затскриена со геополитички теми што не се од интерес за граѓаните, туку служат на агендите на надворешни фактори. Така објаснува што на овие избори се забележува тенденција кампањата за локалните избори да се засени со национални теми.

Ковачевска смета дека ваквите наративи не само што имаат тенденција да ја прикажат Русија како можна алтернатива, туку и ја продлабочуваат поларизацијата меѓу граѓаните и, истовремено, го одвлекуваат вниманието од суштинските проблеми што треба да се решат за земјата да стане дел од Европската унија.

Текстот е сопственост на Слободна Европа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

ВЕСТИ October 17, 2025

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални…

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.