Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саботните мајки на Истанбул и приказната за нивните исчезнати деца

0
By Светлана Јовановска on March 29, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси секоја сабота околу пладне, на раздвижената трговска улица Истиклал во Истанбул може да се види истата слика: група од неколку десетици жени седат на тротоарот со запалени свеќи, со црвени каранфили и со слики на повеќе десетици млади момци или мажи. Главно молчат. Од време на време некоја од нив зема збор и ја раскажува својата трагична приказна.

Приказни кои се однесуваат пред се на нивните деца исчезнати за време на воениот удар во 1980 година. Нивната парола не е освета. Тие бараат правда и се надеваат дека еден ден Турција ќе има влада која ќе им помогне.

Мајките се собрани пред универзитетот Галатасарај во близина на повеќе европски конзулати, сместени на оваа улица. Околу групата жени стои дивизија полицајци. Нивното присуство е уште повеќе забележливо во овие предизборни денови во Турција која на 30 март ќе ги бира своите градоначалници и по протестите во Гези паркот и плоштадот Таксим од минатата година.

Во Истамбул протестите на Саботните мајки почнаа во 1995 година а во 1998 година беа прекинати под притисок на владата а не поради крајот на нивните незадоволство и тага. Се вратија на Истиклал во јануари 2009 година.

Случаите на исчезнати лица беа во Турција редовна појава по воениот удар и постојат сомненија дека зад нив стои тогашната нелегална разузнавачка служба. Според Здружението за човекови права на Турција 17.500 жртви исчезнале од политички причини и без објаснување.

Амнести Интернешнел објави во 1995 година извештај за Саботните мајки и со тоа движењето стана познато во светот по што турските мајки беа посетени од сличните движења од Аргентина и мајките од Сребреница.

Во 2002 година кога на власт дојде Реџеп Ердоган и неговата АКП, не донесоа решение за проблемот, исто како и претходните турски влади.

Од 2007 до 2009 година беа уапсени 300 припадници на движењето Ергенекон, криминална мрежа во Турција составена од приврзаници на екстремната десница но и леви републиканци, писатели, новинари…. Многумина го критикуваа начинот на кој беше водена истрагата за Ергенекон и постоеа сомневања дека судењата биле начин да се замолчат критичарите на партијата на Ердоган. 194 лица беа осудени дека сакале да ја срушат владата. Според САД овие апсења го отвораат прашањето за тоа дали Турција и понатаму е приврзаник на слободата на изразувањето и правната држава.

Овој случај беше нов мотив за Саботните мајки кои почнаа повторно да протестираат во 2009 година поради промената на политичката клима. Тие побараа да се откријат исчезнувањата од Ергенекон и како и да се бараат можните масовни гробници. “Ја раскажуваме приказната за нашите изгубени деца и ќе продолжиме се додека не најдеме правда”, велат тие.

Турската влада одбива да ги отвори полициските досиеа а блиските на исчезнатите лица тврдат дека не знаат дали воопшто постои истрага. Тие се противат и на однесувањето на главните турски медиуми кои остануваат слепи и глуви на овие барања. Саботните мајки се сомневаат дека медиумите се под контрола на партијата на Ергодан а Здружението за човекови права на Истамбул вели дека однесувањето на владата кон овие исчезнати лица е доказ за нејзината некомпетентост.

Утрешните локални избори во Турција, според анкетите, не би требало да донесат промена. Партијата на Ердоган доби три избори пред се поради својата успешна економска политика но и поради слабата опозиција.

Но по изборите пред 3 години АКП почна да се однесува автократски. “АКП има мнозинско разбирање на демократијата која почнува и завршува во изборната кутија. По секоја изборна победа Ердоган се чувствува се помоќен на штета на плурализмот кој дава права и слободи за широка лепеза од социјални и политички групи ”, вели Аманда Пол од Европскиот политички центар во Брисел која додава дека во Турција никогаш немало независно судство и целосна правна држава: “Ердоган правеше чекори за прогрес на демократијата но сега се враќа назад”.

Познавачите на Турција тврдат дека политика на Ердоган сега му прави штета на имиџот на земјата но и на економијата која почна да опаѓа. Сепак, АКП и понатаму има голема поддршка кај населението од 35 отсто кое гласа за неа и покрај корупциските скандали и затворањето на Твитер или Јутјуб. Доколку на овие избори опозицијата ги добие Истамбул или Анкара тоа ќе биде вистински удар за АКП а конечната слика ќе биде дадена во 2015 година со претседателските и парламентарните избори.

Саботните мајки протестираат и ќе продолжат и по изборите. Никој досега не им помогнал да најдат правда и се прашуваат дали ќе се најде турска влада која ќе им помогне?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

ВЕСТИ October 8, 2025

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.