Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД да го задржат фокусот на Балканот побараа од Бајден група сенатори

0
By Mirjana on March 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американски сенатори го повикаа претседателот Џо Бајден да го задржи својот фокус на Балканот, каде што „Русија долго време игра дестабилизирачка улога за членството во НАТО“. Тоа се наведува во писмото на група сенатори – набљудувачи во Сенатот на НАТО испратено до Бајден пред неговото патување во Брисел, каде следната недела ќе присуствува на самитот на НАТО во главниот град на Белгија.

– Балканот е ранлива зона на Европа, и иако на Украина и треба итно внимание, не можеме да го изгубиме од вид овој регион, каде НАТО долго време игра важна улога во одржување на мирот. Го повикуваме НАТО да го зголеми своето учество во регионот и да разгледа итни мерки, во случај Русија да стави вето на обновувањето на мисијата на силите на ЕУ во БиХ во Советот за безбедност на ОН подоцна оваа година, напишаа сенаторите.

Сенаторите го повикуваат Бајден да додаде дополнителни посети на други источноевропски земји на НАТО за да покаже поддршка за регионот. Се препорачува посета на „балтичка земја или Романија“, која дава поддршката на колективните демократски вредности и меѓусебните безбедносни интереси.

– Војната на Владимир Путин против Украина го одразува неговото одбивање да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на соседите на Русија. Како резултат на тоа, безброј животи се изгубени и безбедносната рамка на Европа, која го одржува мирот речиси 80 години, е доведена во прашање. Оваа неиспровоцирана војна го загрозува суверенитетот на секоја земја во регионот. Украина се бори за нешто повеќе од својата слобода: таа се бори за нашите колективни вредности. Се надеваме дека ќе можете дополнително да ги мобилизирате земјите-членки на НАТО да и пружат поголема помош на Украина во овој критичен момент и дополнително да ја поддржите Алијансата, напишаа сенаторите. 

(МИА)

АМЕРИКАНСКИ СЕНАТ ПИСМО ДО БАЈДЕН ДА СЕ ЗАДРЖИ ФОКУСОТ НА БАЛКАНОТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.