Во Украина почнаа да пристигнуваат пратки од најновиот пакет на американската воена помош, јави утрово „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден, претходно оваа недела, одобри дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина.
Бајден рече дека во поддршката за Украина ќе биде вклучено ново оружје за борба против очекуваниот „поширок напад“ на Русија на исток.