Вашингтон: Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, синоќа ја откажа спогодбата склучена претходно оваа недела со „мозокот“ на нападите од 11. септември 2001 година, Халид Шеик Мохамед и двајца од неговите соучесници. Тие се затворени во американската воена база во Гвантанамо, Куба.
Употребувајќи ги своите овластувања, ги повлекувам трите прелиминарни спогодби, а мојата одлука стапува во сила веднаш, се вели во изјавата на Остин
Пентагон во средата објави дека со обвинетите Халид Шеик Мохамед, Уалид Мухамад Салих Мубарак бин Аташ и Мустафа Ахмед Адам ал Хаусауи е постигната спогодба за казна. Таа му овозможува на Пакистанецот Халид да избегне проце во кој може да му биде изречена смртна казна.
Тројцата се обвинети за тероризам и убиството на речиси 3.000 лица при нападите во Њујорк и Вашингтон.