Американскиот претседател Џо Бајден изрази солидарност со Израел по нападот од Иран и се сретна со неговиот тим за национална безбедност за да разговара за ситуацијата, пренесоа светските агенции.
Нашата посветеност на безбедноста на Израел наспроти заканите од Иран и неговите полномошници (во регионот) е непоколеблива, напиша Бајден на социјалната мрежа Х, објавувајќи фотографија од итен состанок во Белата куќа со неговите советници за безбедност.
Дополнително Бајден изјави дека САД нема да преземаат никакви офанзивни воени дејствија спрема Иран.